Ова се толкува како недвосмислен укор на оние луѓе на Трамп кои сакаат да му дадат на конфликтот религиозна мисија.
Секретарот за војна, Пит Хегсет, на пример.
„Нека секој куршум ја наде својата мета кај непријателите на праведноста и нашата голема нација“, рече тој молејќи го Бога да подари „мудрост во одлуките, издржливост за претстојното искушение и нескршливо единство и жестока агресија против оние кои не заслужуваат милост“.
Но и други влијателни католички Американци, значително подесно позиционирани од папата Лав, изразија загриженост за праведноста на оваа војна.
Односот меѓу римокатолицизмот и Америка никогаш не бил целосно мазен. Првобитните свештени лица биле пуритански радикали, а новосоздадените Соединети Американски Држави ја наследиле нивната одбивност кон папската власт. Тензиите достигнале точка на вриење во 19 век, со голем прилив на католички мигранти во САД од Германија и Ирска.
Меѓутоа, во поново време, елитната конзервативна Америка станува сè покатоличка, и кај политичарите и кај интелигенцијата. Потпретседателот Џ.Д. Венс е католик, државниот секретар Марко Рубио е католик, шест од деветте актуелни судии на Врховниот суд се католици. Католици се и голем број влијателни мислители од Новата десница чии идеи го движеа Трампистичкото движење.
Меѓу сите нив, не е мал бројот на оние кои го сметаат Израел за нешто што има посебно пророчко значење. Таков е американскиот амбасадор во Израел, Мајкл Хакаби кој во скандалозното интервју со Такер Карлсон рече дека Израел има библиско право на целиот Блиск исток.

Во 2018 година, Хегсет кажа дека еден ден еврејски храм повторно ќе биде изграден на Храмовата гора, повикувајќи се на пророштвата и во еврејската и во христијанската традиција. Единствен проблем е што на таа локација се наоѓа џамијата Ал-Акса, свето место во исламот.
Историски гледано, како нација со мнозинство протестанти, Америка не придавала голема тежина на она што го кажува Папата. Најверојатно секој ќе продолжи по свое, Папата да се моли за миr а бомбите да продолжат да паѓаат во Иран.
