Вести

Враќање на Гестапо

Германија ја урива бариерата меѓу полицијата и тајните служби, поставена после ерата на Хитлер. Германскиот кабинет одобри пакет нацрт-закони од 700 страници со кои масовно се прошируваат овластувањата на нејзините домашни и странски разузнавачки агенции. „Ги претвораме нашите разузнавачки служби во вистински тајни служби“, гордо рече за реформата сојузниот министер за внатрешни работи Александар Добриндт.

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Речник

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Суперкомпјутер версус ковид: Брадикининска хипотеза

Коронавирусот е како лопов кој ќе успее да ви влезе низ отворен џам на вториот спрат и после не само што прави русвај по цела куќа туку ќе ги испоотвори сите врати и прозорци за да можат да влезат и другите од неговата банда.

Фејсбук воведува предизборен молк

Глумејќи дека има вистинска контрола врз својата платформа или дека му е гајле што го офираат, Фејсбук забрани политичко рекламирање. Една недела пред денот на гласање. Само за новите реклами.

Меѓународниот кривичен суд нема што да ги истражува злосторствата на САД во Авганистан

Американската администрација објави дека ќе го замрзне целиот имот на главната обвинителка на Меѓународниот кривичен суд Фату Бенсуда и на еден од нејзините советници. Причина за ова е гневот на Вашингтон околу истрагата на судот за воените злосторства на американските војници во Авганистан.

Трамп ги повика гласачите да гласаат два пати

Чисто за да тестираат колку му е снагата на системот, Трамп ги повика гласачите во ноември ем да гласаат по пошта, ем да гласаат на избирачко место. И да, тоа не би било ни најмалку легално.

Бајден само во август собра донации од рекордни 364,5 милиони долари

Демократската партија и Бајден очекуваа дека партиската конвенција и номинацијата на Камала Харис ќе придонесат за скок во донациите, ама не очекуваа вака спектакуларни бројки.

Од асфалтот си патиме

Асфалтираните улици и патишта летно време го влошуваат загадувањето во градовите испуштајќи до 300% повеќе штетни честички при високи температури.

Жените подалеку од млекото

Веста гласи дека жени кои пијат кравјо млеко имаат 80% поголеми шанси да добијат рак на гради. Ништо од тој ризик нема доколку се пие млеко од соја. И доколку ова второво го викаме млеко.

Брза наука какви вакцини раѓа?

На една страна е потребата во некој момент да дојдеме до безбедна и ефикасна вакцина за коронавирус. Од друга страна е брзањето да се дојде до тој момент. Која од тие две страни превагнува можете да видите од дадените имиња: Русите својата вакцина ја крстија „Спутник V“ а на својата програма за финансирање на вакцината, Американците ѝ дадоа име: „Операција Ворп брзина.“

Нема одбрана на пљачкосувањето

Ако реалната, трајна промена што сакаш да ја постигнеш е согорување на општеството до темели, тогаш можеби пљачкосувањето и е вистинската алатка.

Пентагон: Кина ја има најголемата воена морнарица на светот

Не само што ја има најголемата морнарица, туку според анализите на Пентагон таа освен што расте станува и се подобра.

Рамбо Амадеус: Џабе е да се кења

„Зборовите доживеаја инфлација, служат само за манипулирање. Повеќе вреди едно домаќинство кое има свои соларни панели, рибник, кози, кокошки, бавча, селски туризам, отколку да се трошат зборови и енергија на она што не чини“ вели вредниот и умен музичар според кој, актуелната пандемија е само увертира; правата криза и придружниот тоталитаризам допрва доаѓаат. 

Дали на Америка и фалат уште 672 милиони Американци?

Не само што не е полна, Америка моментално дури е и празна со само 93 луѓе на квадратна милја. Дури и да не се земе предвид блесаво пренаселениот Сингапур со 20.000 луѓе на квадратна милја, САД заостануваат и зад прилично лабави држави како Белгија со 976 луѓе на квадратна милја.

Христијаните собраа 250.000 долари за одбрана на Ритенхаус

17-годишниот Ритенхаус меѓудругото е обвинет за две убиства и еден обид за убиство, во една од најневеројатните сцени што се одиграа на улиците на Кеноша и веројатно општо во САД.

Елон Маск сега е побогат од Закерберг

Маск е третиот по богатство човек на светот, симнувајќи го Закерберг на четврто место и набивајќи разлика од околу 5 милијарди долари (115 милијарди) пред богатството на основачот на Фејсбук (110 милијарди).

Прошталното писмо на режисерот на Црниот пантер за Чадвик Боусмен

Забележав дека Чад е аномалија. Тој беше смирен. Уверен. Константно учеше. Но исто така и љубезен, утешителен, со најтоплата насмевка на светот и очи кои имаа видено премногу за неговите години, но и понатаму можеа да засветат како на дете кога ќе видеа нешто за прв пат.

Еден текст со многу линкови за ковид-19

Оригиналниот текст на Swiss Pоlicy Research е насловен „Факти за ковид-19“. Како што гледате од нашиот наслов, ние не би да ве убедуваме дека се факти пошто од многу факти досега се изгоревме (памтите каков спас се гледаше во респираторите, како не мораше да се носат маски, како вирусот живее со денови на површини итн?). Ама барем секое од тврдењата има линк за проверка на кажаното.

Што е нарко-картел без дрон-бомби?

Мексикански нарко-картели почнаа да ги убиваат своите непријатели и сè што им пречи со помош на дронови апгрејдувани со бомби или друг вид експлозив.

Навиките на Трамп шират ковид-19 меѓу обезбедувањето од Тајната служба?

Агентите што го чуваат Трамп, без разлика дали кога е на голф или кога е на митинг, се предупредени да не зборуваат за нивните колеги што се заразиле од вирусот додека биле на службена должност.

„Разбуденоста“ е стара религија во ново пакување

„Белите привилегии“ стануваат денешна верзија на библискиот грев од кој нема вистинско спасување. Можеш само да се посипуваш со пепел, да признаваш дека си грешен, да се согласуваш со обвинението. А кога почнуваш да мислиш дека твојот политички противник не само што нешто греши, туку е зло, тогаш престануваш со политика и почнуваш со религија.

За QAnon и нивните канони

Глобалните социјални мрежи тргнаа во крстоносна војна со следбениците на QAnon кои се убедени дека "ништо не е како што кажуваат на вести" а со светот управува глобална сатанистичко- педофилска група на моќници и злотвори. Твитер, Фејсбук и Инстаграм им ги кинат акаунтите и им ги бришат групите што за нив ќе биде само доказ дека цело време биле во право. 

Потребни се седум нуклеарни електрани за да се покрие потрошувачката од копањето биткоин

Ако сакате конвертибилен курс во сончева енергија, копањето биткоин троши струја колку што можат да создадат 21,8 милиони соларни панели.

Како задолжителните маски влијаеја на сузбивање на заразата во Хрватска?

Повеќе од еден месец по воведувањето задолжително носење маски, Хрватска бележи рекордни бројки на заразени. Опседнати со маските, луѓето заборавија да држат растојание. Мислат маските ја заменуваат дистанцата.

Тест за ковид-19 од 5 долари и готов за 15 минути

Тестот на компанијата Абот доби одобрение за користење од американската ФДА. Ветувањето на Абот е дека резултатите ќе се чекаат само 15 минути, и ќе чини 5 долари.

Не сме Бранко и Љубчо, ама би сакал да правиме тест за дрога

Доналд Трамп повика тој и Бајден да направат тест за дрога пред нивната прва дебата закажана за следниот месец.