Пентагон: Кина ја има најголемата воена морнарица на светот

Не само што ја има најголемата морнарица, туку според анализите на Пентагон таа освен што расте станува и се подобра.

Кина отприлика има 350 бродови и подморници, споредено со американската морнарица која е составена од 293 бродови, стои во извештајот на Пентагон од 2020 за воените капацитети на Кина. Она што е малку варливо во чистите бројки е дека иако е точно дека Кина има најмногу пловни објекти, САД се далеку понапред по вкупна тонажа на нивната флота, што значи дека Американците имаат поголеми бродови, меѓу нив и 11 носачи на авиони кои тежат над 100.000 тони.

Ваквиот стрмоглав напредок на кинеската морнарица, која во времето на Студената војна беше „сиромавиот роднина на огромната пешадија“, е поттикнат главно од два мотива: непопустливоста на Кина кон враќање на Тајван, и решителноста да ја го замени САД како владетел на Западниот Пацифик.

Пентагон и американските аналитичари се дополнително загрижени што Кина не ни планира тука да запре, туку работи на дополнително зголемување на бројноста додека истовремено расте и квалитетот и големината на нивните воени бродови.

Новата генерација воени бродови речиси стандардно е проектирана да биде повеќенаменска, и да може да се користи против морнарица, авијација и подморници. Кина има два носачи на авиони, веќе гради трет, а планира да направи уште најмалку 4.

Целата оваа армада има сериозна поддршка од подморниците (дизел и нуклеарни), а Кина е една од малкуте нации кои поседуваат интерконтинентални балистички ракети што можат да ги лансираат од подморница.

Една од утехите за Американците е дека тие имаат речиси еден век искуство на успешно пловење во далечни води и управување со воени операции.

 

2 септември 2020 - 10:56