Во период од седум години биле следени преку 52.000 жени меѓу кои и оние од адвентистичката заедница кои се вегетаријанци и просечно пијат поголеми количини млеко од соја отколку генералната пракса. На крајот на овој период, 1.057 учеснички во студијата имале рак на гради.
Жените кои пријавиле дека пијат околу 220 мл млеко дневно имале 50% поголеми шанси да го добијат ракот додека кај оние кои пијат 2-3 чаши млеко, ризикот е и 80% поголем.
Генералниот ризик за жените од ова заболување е 12% но чаша млеко дневно тој ризик го зголемува за 50%, тврди студија нарачана од Американскиот институт за рак.
Пред една година, лекарите од еден комитет за одговорна медицина побараа националната агенција за храна и лекови да наложи ставање предупредувачки етикети на млечни производи како што е сирењето за да се зголеми видливоста на здравствениот ризик кој го носи нивното консумирање.