Пресметката е на Кембриџ центарот за алтернативни финансии и според нив индустријата за копање биткоин троши 7,46 гигавати струја.
Тие исто така пресметале дека „рударите“ годинава плаќаат меѓу 0,03 и 0,05 долари за киловат-час струја. Имајќи предвид една мартовска пресметка според која цената за копање на цел биткоин изнесува 7.500 долари, просечниот рудар има над 4.000 долари ќар од оваа операција.
Се пресметува дека моментално вкупната процесорска сила посветена на копање биткоини, која се води како хашрејт, се движи околу 120 ЕХ/с (exahash per second). Процените се дека ова во следните 12 до 14 месеци ќе порасне на 260 ЕХ/с. Главна причина за ова е очекуваниот апгрејд циклус во кој машините од постарите генерации (Ес9) ќе бидат заменети со машини од нова генерација (Ес17 и Ес19).