Трамп веќе се месеци инсистира да не се дозволи гласање по пошта затоа што системот не е подготвен за такво нешто. Зад оваа грижа на Трамп стои и фактот дека поголем дел од демократите гласаат по пошта отколку републиканците, кои стандардно одат на кутија.
„Нека ги пратат и нека одат да гласаат, па ако системот е добар како што велат дека е тогаш очигледно нема да можат да гласаат на избирачко место,“ порачал Трамп во Северна Каролина.
Ова веднаш беше осудено од главниот јавен обвинител на Северна Каролина, Џош Штајн, според кого Трамп ги повикал граѓаните да го прекршат законот за тој да може да предизвика хаос на денот на изборите.
На изборите во 2016, речиси една четвртина од гласовите беа по пошта, а годинава се очекува тоа да порасне заради стравот од ковид-19. Во 2016 Трамп имаше речиси 2 милиона гласови помалку отколку Хилари Клинтон, меѓутоа мандатот го доби благодарејќи на гласовите на електорите.