- Европската Унија не успеа да го потврди начелниот договор за укинување на санкциите против руските олигарси Алишер Усманов и Михаил Фридман.
- Франција и Словачка, кои инсистираат да бидат укинати мерките против милијардерот Усманов, и Луксембург, кој го бара истото за Фридман, синоќа постигнале компромис со другите членки - двајцата олигарси да бидат избришани од „црниот список“, во замена за продолжување на санкциите за три години, наместо за шест месеци.
- Летонија, сепак, се спротивставила на овој договор, поради што преговорите ќе продолжат денеска, кога завршува важноста на претходните санкции за Русија усвоени во март.
- Санкциите опфаќаат забрана за визи и замрзнување на сметките. Усманов и Фридман се на списокот уште од почетокот на војната во 2022 година.
- Париз очекува во „замена“ за бришење на Усманов од листата да бидат ослободени двајца француски државјани приведени во Азербејџан, а Фридман побарува од Луксембург компензација од 15 милијарди евра во арбитражна постапка за национализиран имот.
- Откако американскиот рокер Џек Вајт (White Stripes) кажа дека актуелниот американски претседател е најлошиот Американец на сите времиња, Мирор спровеле гласање и зачудувачки процент луѓе се согласуваат со тоа.
- Вајт реагираше на несмасните изјави на Трамп за оние кои се бунат за цената на горивото: „Иран нека го земе Лос Анџелес, нека го земе Сан Диего...“
- „Еј, републиканци и конзервативци од Лос Анџелес и Сан Диего – како се чувствувате што вашиот Фирер препорачува да бидат нападнати градовите во кои живеете?“, праша тој на Инстаграм.
- На сондажата на Мирор, 96% oд луѓето се согласиле дека Трамп е најлошиот Американец а само 4 посто не мислат така.
- Жените во Хрватска го преземаат поголемиот дел од одговорностите за водењето на домаќинството и грижата за деца, но и задачи што често не се забележуваат, како што се планирање, организирање и памтење на семејните обврски.
- Мажите доминираат само во организацијата на поправките во домот.
- Разликите се особено изразени кога станува збор за децата. 78,5 проценти од жените тврдат дека тие ја координираат комуникацијата со училиштето или градинката. Само 17,8 проценти од жените ја делат оваа одговорност подеднакво со својот партнер.
- Истражувањето го вклучил и таканаречениот невидлив емоционален труд, т.е. одржување на семејните односи и грижа за потребите на другите членови на семејството.
- Над 69 проценти од жените наведуваат дека тие ги потсетуваат членовите на семејството на важни датуми, како што се родендени и годишнини. Но, дека е тоа така признаваат само 34,4 проценти од мажите.