Работната недела се растегнува на шест дена

Идејата за четиридневна работна седмица веќе е напуштен. Се прифаќа нова шема на работа и во неделите. Наместо да ги набиваат работните часови во помалку денови, работниците едноставно ја прошируваат работата на шести ден, делејќи го времето на нелинеарни блокови прилагодени на родителските обврски, нивото на енергија или личните задачи.

Анализа на бостонската компанија за видеоконференции Owl Labs укажува дека четиридневната работна седница до неодамна била општо прифатена во „хибридната“ работа, но тоа не е случај денес.

Целосно се откажавме од разговорите за четиридневна работна седмица. Прашањето сега се сведува дали саботата ви е единствениот слободен ден, вели директорот Френк Вајсхаупт. 

Според новиот годишен извештај на Owl Labs за состојбата со хибридната работа, 74% од вработените велат дека вршат некаква професионална работа во недела, а 21% ја сметаат за целосен работен ден.

Вајсхаупт ова го претставува како флексибилност што вработените ја остваруваат под сопствени услови.

Ако одвоите време во вторник попладне или четврток наутро, подоцна ќе треба да го надоместите тоа. Но сè додека работата во недела не претставува дополнителен товар и успевате да се организирате, јас тоа го гледам како флексибилност, додава Вајсхаупт.

Ова се вклопува во трендот од 2020-тите години познат како „микро-смени“ - делење на работата на многу кратки интервали во текот на денот, наместо традиционалниот осумчасовен работен ден.

Речиси половина од работниците (48%) велат дека намерно избираат одредени работни денови за да се појават во канцеларија само за да бидат забележани од високиот менаџмент или од клиентите. И шефовите, кои вршат надзор, исто така се склони кон тоа да бидат забележани - 40% од учесниците во овие „денови за видливост“ се менаџери. Со други зборови, вработените заклучиле дека физичкото присуство е главно „претстава“ наменета за еден гледач – менаџерот – и тоа само за еден ден, па соодветно на тоа ги приспособиле и своите распореди.

Вајсхаупт се осврна на генерациската економија. Дури 53% од вработените го прифатиле „кариерниот минимализам“ – свесно намалување на амбициите заради зачувување на здравјето и одржливоста, наместо бркање унапредување. Повеќе од една третина од вработените се држат до позиции кои веќе ги надраснале, бидејќи унапредувањето им се чини како поголем ризик.

Една од причините за ова е воведувањето на вештачката интелигенција во работните активности. Наспроти општата загриженост дека ВИ ќе предизвика масовни отпуштања, 69% од работниците опфатени од истражувањето се изјасниле дека новата технологија ги направила попродуктивни.

Се наоѓаме во период на компромиси. ВИ нè прави и попродуктивни и помалку продуктивни, повеќе и помалку вклучени, повеќе и помалку присутни во канцеларијата. Повеќе нема линеарни блокови на работата како порано, а ако се анализираат нашите податоци, мислам дека токму тоа го сакаа луѓето, заклучува Вајсхаупт.

******

Види и: Работата од 9 до 5 станува луксуз

Британија се откажува од експериментот со четири работни дена

Грција воведува шестдневна работна недела

23 септември 2026 - 09:09