
Народна милиција од градот Тепалкатепек, открила над 20 дронови намонтирани со бомби што луѓе на нарко-картелите ги имаат оставено по некоја неуспешна операција.
На дроновите, во цел свет користени за снимање, во пластично канче се товарени Ц4 експлозив и метални лагери, што треба да функционираат како шрапнел.
Дрон-бомбите се надополнување на веќе постојниот арсенал составен од оклопни возила натоварени со најразлично тешко вооружување и добро опремена пешадија. За разлика од други методи за уништување човечки животи, нарко-картелите не беа пионери во оваа технологија, туку ја ископираа од терористи и џихадисти од различни боишта низ светот.
Дроновите припаѓаат на ЦЈНГ (Cártel de Jalisco Nueva Generación), истиот картел што во јули објави прилично застрашувачки видео од конвој со камуфлирани борни коли, пикапи и џипови, со монтирано тешко наоружување и опколени од идентично тешко вооружена пешадија.