На 11 јануари, само 10 дена откако беше обелоденето постоење на нова респираторна болест, Кинезите ја објавија геномската секвенца на вирусот кој ја предизвикува. Истражувачи од цел свет се сетираа да најдат вакцина за болеста која доби име ковид-19 а првите кандидати почнаа со човечки проби веќе на 16 март за скоро да се придружат и многу други.
Научната јавност беше горда на себе, со право, бидејќи беа срушени сите вакцинолошки рекорди во тој момент. Неколку месеци подоцна, остана многу малку од таа слика која тогаш изгледаше како витешки фер трка за доброто на човештвото, па на патеката се гледа многу лактање. Различните тимови почнаа меѓусебе да си ги оспоруваат резултатите, да се обвинуваат за триумфализам или да се жалат на хакерски упади.
Политичкиот притисок да се дојде до вакцина која ќе спасува не само човечки животи туку и национални економии е огромен. Трамп ја обвини Агенцијата за храна и лекови дека намерно не одобрува експериментална вакцина додека не поминат изборите во ноември. Кога истата агенција ургентно одобри употреба на крвна плазма во третманите на ковид, политички противници на Трамп се посомневаа дека тоа е изведено под притисок да му се даде некаков џокер на таа тема.
Во меѓувреме, не само Русите туку и Кинезите одобрија локална вакцина која ја тестираат на војската.
А не брзаат само политичарите. И во научната јавност ќе најдете на авторитети кои ја претпочитаат брзината од педантното минување низ ригорозните процедури. Истражувачка група поврзана со Харвард упорно бутка една своја публикација за „направи сам“ вакцина за ковид-19, иако тој рецепт бил тестиран на само 20 луѓе.
„Надвор милиони луѓе заболуваат и огромен број умираат секој ден. Веруваме дека нашата вакцина ни приближно не е до тој ризик,“ вели членот на групата Престон Есеп, баш со таа аргументација, дека болеста сигурно е поштетна.
Ако се дозволат шорткати во доаѓањето до вакцина, особено во поглед на нејзината безбедност и ефикасност, ќе биде многу лошо: не само што ќе се доведат во опасност животите на милиони луѓе туку и долгорочно ќе се закопа довербата во вакцинацијата генерално а и во науката. Кај вакцините ризикот е далеку поголем отколку со, на пример, непроверените терапии со хидрохлорокин бидејќи вакцините им се даваат на здрави луѓе.
А вакцините се комплексна материја. Дури и кога без брзање ќе се минат сите регуларни фази на проверка на една вакцина, постои одреден ризик, или дека таа предизвикува несакани појави кај специфична група на луѓе кои не влегле во тест групите или пак во смисла на тоа дека за некои нус-појави е потребно време за да се појават и забележат. Во земји со слаб мониторинг и безбедносно известување, тоа може да биде погубно за многу луѓе. На пример, вакцината против ротавирусот кој предизвикува дијареа кај бебиња, беше повлечена од пазарот откако се утврди дека предизвикува цревна опструкција кај мал сегмент бебиња, нешто што поради реткоста, тестирањата не го детектирале.
Меѓу оние кои во име на трката со времето решија да ги збијат протоколите па втората и третата фаза ги изведуваат симултано наместо консеквентно како што е ред се тимовите кои стојат зад Харвард/АстраЗенека вакцината, онаа која и Македонија ја чека.