
Парите се собрани на платформата за краудфандинг на христијански проекти Give Send Go. На сајтот е објавен апел за донации за Ритенхаус за да се плати адвокат.
Во апелот пишува „Кајл Ритенхаус само се бранеше себе си од бруталните напади на повеќе припадници на крајно-левичарската група АНТИФА - искуство кое без сомнение е брутално, бидејќи тој беше присилен да одземе два животи за да го спаси сопствениот. Сега Кајл некоректно е обвинет за убиство, од обвинител кој изгледа решен да ќари на политичката привлечност на ситуацијата. Ситуацијата очигледно беше само-одбрана, и Кајл и неговото семејство несомнено имаат потреба од пари за да ги платат правните трошоци. Ајде да му се оддолжиме на некој што храбро се обиде да ја одбрани својата заедница.“
Ритенхаус е дел од групата вооружени цивили кои бранат еден авто-сервис / салон за автомобили во Кеноша, за време на немирите во градот. Иако 17-годишен, Ритенхаус е вооружен со полуавтоматска АР-16. Во еден дел од ноќта, Ритенхаус останува сам или се одвојува од неговата групата и е нападнат пред авто-сервисот. Тука ја застрелува својата прва жртва. Потоа почнува да бега, а по него се пуштаат дел од демонстрантите. Во еден момент се сопнува и паѓа на земја. Кога му нагрнуваат некои од демонстрантите, во неговата верзија АНТИФА, тој почнува да пука кон нив. Убива еден и ранува друг.
По ова Ритенхаус станува, се уште опашан со АР-16 и со кренати раце, се приближува кон полицијата, која го приведува.
EDIT. Ден подоцна, цифрата е 350.000 долари