Бојно поле Америка

Протестите, немирите, демонстрациите, насилствата и слични тагирања на она што моментално се случува во САД, не се ни приближен опис на настаните од терен. Фронт, боиште, бојно поле и граѓанска војна се далеку поточно етикетирање на секојдневните вооружени битки што се водат по улиците на САД.

Главни протагонисти во речиси секоја ситуација се полицијата и останати безбедносни сили, од една, и антифа од друга страна. Во споредни улоги, но стандардно присутни, се и вооружени локалци што го бранат својот имот и сопственост од потенцијални грабежи и уништување, и БЛМ активисти чија агенда често пати знае да биде извитоперена и преземена од порадикални групи, и да се претвори во масовни грабежи и насилства.

Најновото боиште е градот Кеноша во Висконсин со популација од 100.000 жители. Во неделата, тамошната полиција застрела црнец. Речиси како вежбана кореографија, инстантно почна да се развива стандардното сценарио на протести, грабежи, престрелки и убиени.

Видеата што следуваат изгледаат непријатно филмски како луѓето да се само актери или статисти кои по завршувањето на снимањето ќе станат, ќе се затресат и ќе продолжат кај што биле.

Нема.

- Видео од убиството кое инстантно ја претвори Кеноша во воено поле


- Цигла во глава и Молотов коктел за полицијата опколена од толпа во Кеноша:


виа


- Упаѓање и палење на еден локален дуќан за мебел:


виа


виа


- Дел од вооружените граѓани на Кеноша што излегоа да ги бранат локалните бизниси од пљачкосување и уништување:


виа


- Средба меѓу БЛМ Кеноша и вооружените локалци од Кеноша:


виа


- За крај една од најневеројатните снимки од боиштето во Кеноша. Дечко со полуавтоматско оружје бега од толпата, се сопнува и паѓа. Како што луѓе почнуваат да му нагрнуваат, така тој распалува кон напаѓачите кои паѓаат околу него како покосени:


виа
26 август 2020 - 12:42