Вести

Враќање на Гестапо

Германија ја урива бариерата меѓу полицијата и тајните служби, поставена после ерата на Хитлер. Германскиот кабинет одобри пакет нацрт-закони од 700 страници со кои масовно се прошируваат овластувањата на нејзините домашни и странски разузнавачки агенции. „Ги претвораме нашите разузнавачки служби во вистински тајни служби“, гордо рече за реформата сојузниот министер за внатрешни работи Александар Добриндт.

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Речник

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Затворањето беше монументална грешка

„Верувам дека историјата ќе го смета затворањето на општествата поради коронавирусот за монументална грешка на глобално ниво која не смее да се повтори,“ изјави Марк Вулхаус, професор на Универзитетот во Единбург и врвен медицински советник на британската влада. Зошто тогаш нè затвораа по дома? Затоа што не им текнувало ништо попаметно.

Америка има талент, ама не и политички талент

Со финалисти како Бајден и Трамп, реалното шоу американски претседателски избори наскоро може да се претвори во хаотичен кошмар.

Бојно поле Америка

Протестите, немирите, демонстрациите, насилствата и слични тагирања на она што моментално се случува во САД, не се ни приближен опис на настаните од терен. Фронт, боиште, бојно поле и граѓанска војна се далеку поточно етикетирање на секојдневните вооружени битки што се водат по улиците на САД.

Доу Џонс го отстранува својот најстар член

Од следната недела, на влијателниот индекс кој се смета за кардиограм на американската економија ќе го нема Ексон Мобил кој е таму од пред 90-тина години. Од енергетските компании кои некогаш беа р'бет на економскиот организам на САД, на листата останува само уште Шеврон. 

Русија ќе го истражува труењето на Навални... дали е дело на странски служби

Во руската верзија на настаните сомнежот е дека обидот за труење на главниот опозиционер во земјата е „провокација“ од други држави со цел распалување на тензиите во Русија.

Како ќе отвораат њујоршките приватни училишта со школарини од 50.000 долари годишно

Њујорк, градот, има 1,1 милион ученици од кои мал дел одат во тамошните приватни училишта кои се меѓу најскапите во светот со годишни школарини од над 50.000 долари.

Можеш двапати да се заразиш, ама, имаш имунитет

Проверена и публикувана реинфекција со ковид-19 во Хонг Конг. Имуниот систем на пациентот не бил доволно јак да ја спречи втората инфекција, но бил доволно јак да спречи симптоми. Што и не е лоша вест.

Ковид за некои е 19 а за некои (блек џек) 21

Не сите страдаат затоа што светот е затворен (кога ќе ви кажат дека "во оваа битка сите сме заедно“, потсетете ги кој успеа да си ги подигне парите пред да пропадне банката на Трифун). Да, економиите се зипуваат, милиони луѓе остануваат без работа, на минималец и со неизвесна иднина, ама затоа на оној мал процент, најмрсните од најмрсните, ковид-19 им дојде како џокер.

Др. Фаучи: Со вакцини да не брзате

Првиот човек за заразни болести во САД, др. Антони Фаучи предупреди дека постои сериозен ризик од избрзување на вадење вакцина без таа прво да биде соодветно и доволно тестирана.

Закерберг го цинкарел ТикТок кај Трамп

Состаноците што ги имал со Трамп и неговите блиски Закерберг ги искористил за да им се влее страв околу ривалот на Фејсбук.

Вашингтон пост на апарати

Само пред неколку часа Доналд Трамп објави дека надлежната Американска агенција за храна и лекови ќе дозволи употреба на крвна плазма во третмани на заболени од ковид-19. Според него, ова е историска пресвртница во борбата против болеста. Вашингтон пост веднаш пренесе мислења на научници кои се сомневаат во третманот во кој верува претседателот. Е сега, да видите уште неколку работи од Вашингтон Тајмс на оваа тема.

Фабрика за преработка на фекалии почесно крстена по Џон Оливер

Комплетните фекални води (канализација) од 85-илјадниот Данбури во Конектикат, во иднина ќе се преработуваат во фабриката Џон Оливер, кој го добива името како одмазда кон британскиот комичар.

Од сè што можеше да снема, на Јапонија и снемаа бројки за кредитни картички

Ковид-19 во комбинација со постојната кампања за безготовинско плаќање ја исцрпија јапонската резерва на слободни 16-цифрени бројки за кредитни картички, па сега компаниите размислуваат за додавање на 17 бројка.

Ивица и Марица се нефер кон вештерките

Минимакс своевремено го пушти вицот за Ивица и Марица, прилично илустративен за духот на социјализмот: „Ивица кажувал политички вицови а после дошла марица“. За духот на ова време сведочи тоа што детските ликови излезени од фантазијата на браќата Грим не се опасни стриктно политички, туку и малку пошироко. А и тоа што нема ни виц за тоа.

Бејрут, во пристаништето близу вас

После разорната експлозија во Бејрут, пристаништа во светот решија да проверат што материјали држат кај себе и дали и тие имаат амониум нитрат кој го смени личниот опис на главниот град на Либан. Не им се бендиса тоа што го нашле. 

Уметноста како поле за тролање на цел свет (и перење пари)

Ај лани што се продаде банана залепена за ѕид за неверојатни 120.000 долари, и уште поневеројатно бананата веднаш беше изедена, туку за бананата се подал и Дамиен Хирст еден од најскапо платените уметници на светот.

Џамбо го има албумот на годината

Џамбо Агушев и неговиот оркестар повторно е награден со престижната награда на "German Record Critics" кои албумот "Brasses for the Masses" го прогласија за глобално најдобар албум во 2020 година. Браво, царе! .

Вадењето нафта станува ризичен бизнис

Нафтените компании изгледа полека ќе ја баталат нафтата. Комбинација на мала потрошувачка и миграцијата кон обновливи извори на енергија, ја прават потрагата по нафтени резерви прескапа. А тие компании не пијат нафта.

Никој не сака да го плаќа „Епл данокот“ од 30%

Нешто слично како што Епл со цела сила се труди да избегне плаќање данок на САД (и другите земји во кои функционира), така и компаниите кои зависат од продажбите што ги прават преку Ап стор на Епл не сакаат да ги плаќаат 30-те проценти надомест за користење на платформата.

Сестра у успону

Ким Јо Џонг, помладата сестра на владетелот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, по ново е одговорна за односите на земјата со САД и Јужна Кореја, со што таа „де-факто е втор човек во земјата“.

Германија решила сите да ја засакаме

Во земјата која историски се изгоре со идејата дека работата го ослободува човекот, сега скромно се пробува спротивната идеја, дека бадијалџењето е од рајот излезено. Ќе даваат грантови на таа тема.

Русија ќе ја пушти вакцината за ковид-19 на тестирање во странство

Во земјата веќе има 40.000 волонтери подготвени уште следната недела да ја примат вакцината, а паралелно со тоа треба да почне и меѓународното тестирање на Спутник V.

Кувајт нема пари за плати. Кувајт.

Моментално сме август, а државата нема пари да исплати плати по октомври, и тоа државата не е која било, туку Кувајт.

Ајде вади пак медот

Медот е подобра терапија за кашлица и настинки отколку антибиотиците, се тврди во нова студија од Универзитетот Оксфорд, според која медот завршил многу повеќе работа од добар дел од асортиманот на аптеките.