Фаучи кој по неколку децении раководител на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести дури годинава стана познат за јавноста, порачува дека со тоа што една потенцијална вакцина ќе добие одобрение „за сите други вакцини кои се тестираат ќе биде отежнато, ако не и невозможно да привлечат луѓе за потребните тестирања“.
Паниката кај Фаучи и колегите, е дека Трамп би можел да ја притисне ФДА (Food and Drug Administration), да одобри вакцина за масовно користење како би ги подобрил своите шанси на изборите во ноември.
Добар аргумент за ваквиот страв е што во неделата Трамп потпиша итно одобрување за користење на ковид-19 плазма пред третманот да биде тестиран по сите стандарди и прописи како што му доликува.