Доу Џонс го отстранува својот најстар член

Од следната недела, на влијателниот индекс кој се смета за кардиограм на американската економија ќе го нема Ексон Мобил кој е таму од пред 90-тина години. Од енергетските компании кои некогаш беа р'бет на економскиот организам на САД, на листата останува само уште Шеврон. 

Од индустрискиот просек на Доу Џонс на кој се листирани 30 големи американски компании, наскоро отпаѓаат Ексон Мобил, Пфизер и Рејтеон а наместо нив доаѓа софтверската компанија Сејлсфорс, биотек фирмата Амген и производителот Ханивел.

Причина за менувањето на листата е одлуката на Епл да ги раситни акциите, која пак беше мотивирана со фактот што тие отидоа во небо (минатата недела Епл достигна пазарна евалуација од 2 билијарди долари), па во иднина, оној што имал една акција од Епл, отсега ќе има 4. Заради ова, технолошкиот сектор остана слабо претставен на листата па менаџерите Доу Џонс решија да ја уточнат крвната слика на влијателниот показател со нови фирми од тој сектор.

Ексон е чедо на Рофелер и е на Доу Џонс уште од 1928 година (како Стандард Оил). Кога во 1999 година се спои со Мобил (уште една гранка од истата империја), тоа беше најголемото спојување на компании во историјата на бизнисот.

После долгиот раст на технолошките компании и остриот пад на нафтениот бизнис, денес постојат речиси 40 компании кои се повредни од Ексон.

Индустрискиот просек на Доу Џонс (DJIA) останува највлијателниот индикатор на состојбата на американкиот пазар иако за многу попрецизни се сметаат S&P 500 или Russell 3000.

26 август 2020 - 11:16