Јапонија моментално има 280 компании за издавање кредитни картички и најголемиот дел од нив користи 16 цифри за да можат да соработуваат со Виза и Мастеркард.
На глобално ниво, првите 6 бројки ја означуваат државата во која е издадена картичката, брендот и слични информации, додека останатите 10, го опфаќаат бројот и типот на сметката, и тие се оставени на компанијата што издава картички.
Најочигледното решение е на картичките да се додаде 17-та бројка, меѓутоа тоа не е и најевтино бидејќи ќе бара сеопфатно тестирање против измами и секакви неочекувани ситуации, кои би ја чинеле индустријата милијарди јени.
Башка ставка е што сите постојни над 300 милиони 16-цифрени картички во Јапонија ќе треба да бидат апдејтувани на 17 цифри.
Минатиот октомври јапонската влада започнува кампања за поттикнување на безготовинско плаќање која опфаќа и одредени награди за потрошувачите. Ова тргнува добро, за неколку месеци подоцна на тоа да се надоврзе пандемијата на ковид-19 и неочекуван скок во користењето на кредитни картички за он-лајн плаќања.
Кампањата на јапонската влада е затоа што Јапонците, посебно оние постарите со задоволство носат туциња пари со себе и плаќаат со нив, наместо само со картичка да вршат работа. Во октомври намерата на владата беше до 2025 за 2 пати да го зголемат безготовинското плаќање на 40% од трансакциите.
Во Кина моментално на безготовинско плаќање отпаѓаат 66%, во Јужна Кореја 96%.