
Исклучиво женското училиште Брирли (годишна школарина 53.990 долари) со капацитет од 760 ученички планира да пренамени дел од надворешниот простор за играње во училници. За сега се знае дека ученичките ќе имаат точно одредено време кога треба да бидат оставени, а родителите кои работат од порано можат да ги донесат своите деца уште во 7:15. Ученичките кои не можат да носат маски заради здравствени причини ќе бидат префрлени на далечинско учење.
Браунинг е пак машко училиште (школарина 54.150 долари / 400 ученици) кое планира учениците до 5-то одделение да се вратат целосно на часови, а оние од 6-то до 8-мо и од 9-то до 12-то секоја недела ќе менуваат меѓу настава на училиште и далечинско учење.
Во Далтон (54.180 долари годишно), наставниците ќе ги држат часовите виртуелно и сите лекции ќе бидат стримувани на компјутерите на учениците или на табла во училница, користејќи Зум. Приоритет за враќање на училиште ќе имаат децата до 4-то одделение.
Најскапото на списокот на Блумберг, Спенс, со школарина од 57.385 долари, годината ќе ја почне со далечинско учење, со тоа што оние до 4-то одделение ќе имаат опција училишната година да ја почнат во октомври, чекајќи ги насоките на градот и сојузната држава. Постарите студенти најверојатно ќе може да се вратат назад дури зимото. За да се одржи дистанцирањето, библиотеките треба да се претворат во училници.