Закерберг го цинкарел ТикТок кај Трамп

Состаноците што ги имал со Трамп и неговите блиски Закерберг ги искористил за да им се влее страв околу ривалот на Фејсбук.

За време на посетата на Вашингтон кон крајот на 2019, ЦЕО-то на Фејсбук ги искористил и јавните говори и приватните средби за убедување на својата публика околу заканите што ги преставува неговиот ривал.

Вол стрит журнал пишува дека дури откако имале средба со Закерберг, американските сенатори почнале да креваат паника и загриженост околу безбедноста на ТикТок.

Портпаролот на еден од сенаторите, имплицира дека ТикТок служи за одвлекување на вниманието од безбедносните проблеми на Фејсбук, и засилување на брендот и репутацијата Фејсбук како американски производ, наспроти проблематичниот и кинески ТикТок.

Во извештајот се наведува и дека Фејсбук троши рекордни суми на лобирање, и има започнато лоби група која работи на промовирање на американските технолошки компании во Вашингтон.

24 август 2020 - 16:04