Епидемиолошкиот советник на британската Влада:

Затворањето беше монументална грешка

„Верувам дека историјата ќе го смета затворањето на општествата поради коронавирусот за монументална грешка на глобално ниво која не смее да се повтори,“ изјави Марк Вулхаус, професор на Универзитетот во Единбург и врвен медицински советник на британската влада. Зошто тогаш нè затвораа по дома? Затоа што не им текнувало ништо попаметно.

Марк Вулхаус сега признава дека одлуката за национален карантин била панична одлука но дека во тој момент, во тоа гледале како на единствена опција бидејќи „не можевме да се сетиме на ништо подобро.“

Денес на катанецот гледа како на крута мерка која не ги земала предвид сите аспекти на замрзнување на животот и општеството и проценува дека колатералната штета  на карантинот врз образованието, здравството, економијата и општеството ќе биде барем исто толку сериозна колку здравствениот биланс на ковид-19.

Советникот на Борис Џонсон вели дека главните грешки беа направени уште во март кога наместо на старечките домови, државите се фокусираа на училиштата.

„Не сакам веќе никогаш повторно да имаме национален карантин. Тоа и онака беше времена мерка која само ја одложи фазата во која сега влегуваме и не можеше да смени ништо фундаментално.

Апсолутно не смееме да дозволиме да се најдеме во позиција децата повторно да не смеат да си играат или да одат на училиште,“ вели доктор Вулхаус.

Хмм, во моментов не ни текнува ништо подобро па ќе ве затвораме по дома?! На тоа ли се сведе мудроста на оние од кои очекувавме рационални одговори?

„Не се криви научниците, верувам дека голем дел од нив уште на почетокот знаеја дека карантинот е грешка и дека општеството тоа ќе ги плаќа со години. Криво е општеството кое очигледно не е зрело да има доверба во струката и науката. Општество кое би каменувало политичари и стручни советници ако ВЕДНАШ не излезат со некои мерки, какви било. Но, тоа општество не може да се нарече уредено општество туку варварско општество,“ смета хрватскиот либерал Марио Накиќ.

Погубните ефекти на стопираниот живот и економија треба да бидат поука во иднина мерки со ваков опсег да не носат само епидемиолози и претставници на здравствени институции, туку и луѓе од образованието, економијата, психологијата и сл.

*********

Види и:

Теофил Панчиќ: Вирусот на стравот и неговите чувари

26 август 2020 - 22:13