Прво, медот е евтин и постојано достапен, а второ одлично делува за цела таа група на неизбежни сезонски здравствени вознемирувања како кашлица, затнат нос или проблеми со грло.
Препораката од Оксфорд е дека докторите можат да го предложат медот како пристојна алтернатива за антибиотиците кои често се препишуваат за такви инфекции „и покрај тоа што не се ефикасни“.
Иако медот стандардно се користи кај деца со настинки, до сега немало систематски оверени докази за неговата ефикасност кај возрасни со слични симптоми. Во студијата што ја објавуваат од Оксфорд се наведува дека симптомите кај возрасните обично траеле еден до два дена помалку кај оние чија терапија била сркање мед.
Она што предупредуваат истражувачите е дека заради разноликоста на медот, ќе требаат повеќе студии за да се дојде до дефинитивни заклучоци.