Од меѓународните се очекува дека Саудиска Арабија, Емиратите и Филипините ќе учествуваат во тестирањето со свои волонтери, а луѓе ќе обезбедат и Бразил и Индија. Според првиот човек на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, тестирањето ќе ги следи меѓународните стандарди и дома и во странство.
Откако московскиот Гамалеја институт објави дека има вакцина за ковид-19, главно имаше чудење како воопшто толку брзо Русите стигнале до вакцина, и гнев што не биле транспарентни со податоците од истражувањето.
Дмитриев најави дека и голема публикација од Западот ќе го објави научниот труд околу вакцината.
Русија го има 4-от најголем број на заразени во светот, а само во август просекот беше над 5.000 нови случаи на ден.
Моментално во светот се развиваат над 160 потенцијални вакцини за ковид-19.