Бејрут, во пристаништето близу вас

После разорната експлозија во Бејрут, пристаништа во светот решија да проверат што материјали држат кај себе и дали и тие имаат амониум нитрат кој го смени личниот опис на главниот град на Либан. Не им се бендиса тоа што го нашле. 

Пристаништата ширум светот се во потрага по опасни материјали складирани кај нив, како наравоучение од инцидентот во бејрутското пристаниште од 4 август, кога во страшна експлозија на амониум нитрат загинаа 180 лица, 300.000 останаа без дом а била причинета материјална штета од околу 15 милијарди долари.

Во романското пристаниште Аѕиѕеја, само во еден магацин биле откриени 5.000 тони амониум нитрат; за споредба, во Бејрут експлодираа 2.750 тони. 

Амониум нитратот генерално се смета за безбеден и се користи за вештачко ѓубриво во земјоделството, но истовремено е многу опасен и запалив материјал ако не се чува прописно. Бејрутската лекција не е прва; во експлозија на истото соединение во Тексас сити во 1947 година загинаа стотици луѓе.

Глобалната трговија со амониум нитрат тежи милијарди долари, се користи во многу земји а се произведува во малку, при што најголем производител е Русија.

Во 51 инспекциски надзор, романската полиција открила и конфискувала вкупно 9.000 тони непрописно сместен амониум нитрат и подигнати се неколку кривични пријави а само во пристаништето во Констанца има уште 28.000 тони.

Непрописно складиран амониум нитрат бил откриен и во пристаништа во Индија и во Дакар, Сенегал

22 август 2020 - 10:38