Сејмор Херш

Крајот на Зеленски?

Повикувајќи се на извори во Вашингтон, упатениот пулицеровец Сејмор Херш пишува дека смената на Зеленски е прашање на месеци. Ако нејќе доброволно да си оди, ќе си оди со сила, велат неговите информатори кои се надеваат дека нема да мора ЦИА да биде вклучена во тој проект. Во меѓувреме Херш добил проценки за руските жртви досега. Страшно. Два милиона луѓе.

Eсента 2023 година, украинскиот генерал Валериј Залужњи, врховен командант на вооружените сили на земјата, даде интервју за „Економист“ во кое кажа дека војната со Русија влегла во ќор-сокак. На Зеленски му беа потребни три месеци да го отпушти. Генералот, кој е најпопуларната јавна личност во Украина, еден месец подоцна, беше именуван за амбасадор во Лондон.

Залужњи сега се смета за најверодостоен наследник на Зеленски. Упатени функционери во Вашингтон ми кажаа дека таа позиција би можела да биде негова во рок од неколку месеци. Доколку Зеленски одбие да ја напушти својата функција, што е најверојатно, еден вклучен американски функционер ми рече:

„Ќе си оди со сила. Топката е во негов двор“.

Има многумина во Вашингтон и во Украина кои веруваат дека ескалирачката воздушна војна со Русија мора наскоро да заврши, додека сè уште има шанса да се постигне спогодба со Владимир Путин.

Постојат индикации дека Зеленски знае што доаѓа. Тој штотуку смени или отпушти тројца функционери: министерот за одбрана, премиерот и амбасадорот во САД. Како што ми рече американскиот функционер, Зеленски „почнува да ги чита знаците за опасност“.

Зеленски веројатно нема да си оди доброволно и тука лежи внатрешна дебата во САД. Паметната страна вели да ги оставиме Украинците сами да го решат тоа и да не ја вклучуваме ЦИА за да го овери проектот. Досега, политиката ја води здравиот разум, но има кругови кои се нетрпеливи и не им се чека. 

Не го знам ставот на Трамп за ова. Тој јавно го заостри својот став кон Русија, изјавувајќи им на медиумите по состанокот со Марк Руте дека  Путин „измамил многу луѓе“ - вклучувајќи и неколку поранешни претседатели на САД - но „не ме измами мене“. Во Украина ќе биде испратено дополнително американско оружје, што ќе ја зголеми нејзината способност да напаѓа длабоко во Русија.

Меѓународниот дописник на „Њујорк тајмс“, Пол Сон, напиша дека Русија не е стресена од новиот тврдокорен став на Трамп. Тој забележа дека многу руски коментатори не се убедени дека Трамп навистина го сменил курсот и дека е целосно посветен на поддршката на Украина.

Тука ми беше кажано дека Трамп сè уште му е лут на Зеленски за неговата одлука минатата зима да ја носи својата вообичаена борбена облека на она што се покажа како катастрофална државна посета во Вашингтон, опишувајќи го како да дошол во Белата куќа во „пижами“. Во меѓувреме, не можев да дознаам дали Путин бил свесен за желбата на САД да го избркаат Зеленски, но дознав дека Залужњи одржувал  врски со Валериј Герасимов, началник на Генералштабот на руските вооружени сили и доверлив човек на Путин. Герасимов, како што претходно имам пишано, беше еден од ретките што однапред знаеја дека Залужњи ќе му каже на „Економист“ дека војната е во ќорсокак.

Ми беа доставени нови бројки за руските жртви, од внимателни проценки на американските и британските разузнавачки служби, кои покажуваат дека Русија претрпела два милиона жртви - речиси двојно повеќе од сегашните јавни бројки - откако Путин ја започна војната на почетокот на 2022 година.

„Путин не стравува дека ќе ја изгуби власта, но ја губи популарноста“, вика американскиот функционер, „а Доналд Трамп е добавувачот на Зеленски и единствениот кој може да ја одржи војната во Украина.

Кој има вистинска моќ? Тоа не е Зеленски. Неговиот единствен спас се САД. Трамп верува дека е единствениот што може да го склучи договорот. 

„Пораката до Путин е дека сè уште можеш да кажеш дека си победил“ ако Зеленски биде заменет.

Кажано ми е дека руските борбени загуби во Вашингтон ги гледаат како клучен фактор за обновениот нагон за креирање ново раководство во Украина со цел да се започнат сериозни преговори за завршување на војната, со оглед на презирот на Путин кон Зеленски и можноста за ескалација. „Кога Трамп победи“, ми беше кажано, руското раководство организираше пролетна офанзива „за да освои што е можно повеќе територија“ пред да започне уште една рунда очекувани мировни преговори со Украина. Резултатите беа за жалење. Офанзивата напредуваше само 190 километри надвор од областите што Русија веќе ги контролираше во Украина.

Тaa добивка, во услови на големи жртви, беше од минимално значење, бидејќи се работеше за земјоделско земјиште, без утврдени градови или критични комуникациски места. Месечните жртви беа 380 месечно до мај. Вкупниот број сега е два милиона. Најважно е што сè има во таа бројка - најдобро обучени редовни војници на армијата кои треба да бидат заменети со неуки селани, најдобрите офицери и подофицери од среден ранг се мртви, сите модерни оклопни возила и борбени возила се отпад. 

Американскиот службеник продолжи: „По офанзивниот дебакл, Путин се сврте кон стратегијата „Лондонски блиц“. Британците цврсто стоеја зад Черчил, но жителите на Киев не толку зад Зеленски. „Украинците сега трпат шеесет жртви на квадратна милја - одржливо по број, но оние што остануваат на теренот се оние кои претходно беа ослободени од регрутација а подоцна сепак уфрлени во војската.

На прашањето дали некои во Европа енергично би отфрлиле промена во раководството на Украина, американскиот службеник предвидува дека никој во Европа нема да го жртвува животот на село и викендите во Париз за да го поддржи Зеленски. „Сите Европејци ќе се согласат.“ Службеникот ме потсети, со презир, на инсистирањето на Европа на воздухопловните сили на Украина да им бидат обезбедени борбени авиони Ф-16 од американско производство и дополнителна обука во Романија и Данска за учење англиски јазик, а потоа и како да ги управуваат.

Авионите беа тотален дебакл, рече тој: „Украинските пилоти научија како да полетуваат, но не и како да слетуваат.“

Сејмор Херш

20 јули 2025 - 12:46