- Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење.
- „Последните добиени резултати покажуваат дека водата е микrобилошки и бактериолошки исправна. Со тоа се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење“, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.
- На граѓаните им се препорачува пред да ја користат за пиење, водата од чешмите добро да ја истечат.
- „Изгледаат како варени. А не се работи за само една или две ниви,“ вели земјоделец од јужнокорејскиот округ Јанг за своите насади со компири кои за само неколку дена екстремни температури станале меки и почнале да се распаѓаат.
- Во градот Јангсан, на втори август била измерена највисока температура во земјата откако започнале современите мерења. Топлотниот бран е поврзан со најмалку 31 смртен случај, угинале над 900.000 грла добиток и 1,4 милиони одгледувани риби.
- Во Јапонија за првпат бил прогласен „брутално топол ден“ а топлотниот удар бил смртоносен за три лава во Зоолошката во Токио.
- Хонг Конг летово измерил највисоки температури од кога тие почнале да се мерат во 1884. година.
- Екстремните топлини ги погодија и Кина каде во градот Ксинјанг се измерени 50 степени и Северна Кореја која има ноќи во кои температурата не паѓа под 25 степени.
- Александар Чепиговски (34) од битолското село Ивањевци со трактор влегол директно во огнената линија за да помогне да се спаси селото Лознани во Пелагонија од синоќешниот голем пожар, во кој со изгореници беше повредено и едно лице од локалното население.
- „Да истакнам еден локален жител, храбар тракторист од село Ивањевци, Аце, кој со неговиот огромен трактор направи големо дело орајќи директно низ пожарната линија и гасејќи голем дел од пожарот кој загрозуваше еден дел од куќите во Лознани. Битката беше многу тешка“, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.
- Пожарот во Лознани беше локализиран по повеќечасовна битка со огнот кој се закануваше да ги зафати и куќите во селото, како и да се прошири во Ивањевци и Новоселани.
- Вчера на територијата на Македонија имало 40 пожари на отворено.