
Сѐ почесто се пуштаат олд-скул настани, класични хитови и happy hour, со цел да се привлечат луѓето од Генерацијата Икс - вака вели едно истражување од Универзитетот во Мичиген, кое следело возрасни од 19 до 65 години.
Еден бар, „Тресл Ин“ неодамна направил Принц-тематска журка каде што дошле луѓе над 50 и се изнаиграле на подиум, пиејќи коктели со виски, облечени во костими. Не е тоа некоја посебна солидарност со најзабавната генерација - просто, токму таа генерација повеќе троши на пијачки. А и реално, кој сака да излегува со зумери што не мрдаат од страв дека некој ќе ги снима? Еднаш и пробаа да пијат како бумери, па зажалија.
Еволутивниот генетичар Роб Кулатинал, кој има над 50 години, кога се работи за Филаделфија каде што живее, вели дека има забележлива разлика меѓу генерациите.
„Сум забележал дека сѐ истите луѓе одат на шанк и тоа се секогаш постари. Младите доаѓаат и одат веднаш на подиум. Ако ништо друго, бар никогаш не било полесно да си земеш пијалчка.“

Во Детроит на пример, настани фокусирани на Иксери трошат 25 проценти повеќе алкохол од настани за Зумери. На првите, односот со алкохолот им е формиран од една многу поинаква ера, кога производителите на алкохол агресивно таргетираа млади и на тој начин предизвикаа создавање на пијачки навики што траат до поодминати години.
Вреди да се спомне и дека алкохолот е друштвен порок, па со оглед на тоа што денешните млади помалку се дружат во живо, може и на тоа да се должи промената во потрошувачката.