Поранешен фудбалер на Сити и Ливерпул е нов тренер на Црвена звезда
13 август 2026
- По срамната елиминација од 3. квалификациско коло за Лига на шампиони од Хапоел Бер Шева (0-2, 0-1), Црвена звезда се раздели со тренерот Дејан Станковиќ кој стана негативен рекордер со дури 4 испаѓања од квалификациите за ЛШ.
- Нов тренер на белградскиот клуб денес ќе стане Шпанецот Алберт Риера кој на времето со успех играше во Ливерпул. Откако заплива во тренерски води, Риера се упати во Словенија каде со голем успех ги водеше Олимпија Љубљана (двојна круна) и Целје (освоен Куп и пласман во еврокуп). Потоа стана тренер на бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт.
- Алберт Риера преферира отворен, ултра-напаѓачки фудбал со поголем посед и повеќе создадени шанси за гол. Од друга страна од клубовите каде што досега работеше се жалеле на неговиот незгоден темперамент и неочекувана избувливост. Тој од Ајнтрахт Франкфурт беше отпуштен поради тоа што влегол во конфликт и ги навредувал директорите јавно на друштвените мрежи.
- Звезда ја очекува двомеч против чешка Викторија Плзењ за пласман во Лига Европа.