Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Пронајден мртов директорот на Алсат

13 август 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Директорот на телевизијата „Алсат-М“, Лирим Хајредини, утрово е пронајден мртов во близина на трговскиот центар „Мавровка“.

  • Местото го обезбедува полиција, а телото ќе биде предадено на обдукција за да се утврдат околностите и причината за смртта.

  • Хајредини беше долгогодишен професионалец во медиумскиот сектор. Повеќе од 16 години ја извршуваше функцијата оперативен директор во „Алсат“ a во текот на својата кариера бил активен и во области поврзани со менаџментот, маркетингот, деловните стратегии и телевизиската продукција. 

  • Некои медиуми шпекулираат дека се работи за самоубиство.

извор

САД нема повеќе да финансираат промена на пол за малолетници

13 август 2026
  • Share
  • Post
  • Федералната влада на САД укинува средства од програмата „Медикејд“ за покривање на трошоците за операции за промена на полот и хормонска терапија за малолетници, објави претседателот Доналд Трамп.
  • Ова опфаќа блокатори на пубертетот, хормони за промена на полот и хируршки зафати.
  • Правилото стапува на сила на 13 октомври. Федералното финансирање останува достапно во преоден период од шест месеци за децата кои веќе се на хормонска терапија.
  • Сојузните државите сè уште ќе можат да ги користат своите средства за вакви третмани.
  • Министерот за здравство Роберт Кенеди Јуниор во декември предупреди дека „процедурите за отфрлање на полот кај деца и адолесценти не се ниту безбедни ниту ефикасни како метод на лекување за родова дисфорија, родова несовпаѓање или други поврзани нарушувања кај малолетници.“
  • Министерството истакна ризици за неплодност и губење на густината на коските и препорача психотерапија како алтернативен третман.
извор

КФОР се повлекува од Дечани и од мостот во Митровица

13 август 2026
  • Share
  • Post
  • Силите на НАТО на Косово почнаа постепено ѝ го предаваат на локалната и на меѓународната полиција обезбедувањето на две критични локации – српскиот манастир Дечани и главниот мост на реката Ибар во Митровица.
  • КФОР објави дека трупите ќе задржат видливо присуство на двете страни на Митровица и низ северот на Косово. Персоналот ќе биде распореден за да реагира итно на какво било влошување на безбедносната ситуација.
  • Процесот ќе биде постепен и координиран со косовските институции, косовската полиција, ЕУЛЕКС и други меѓународни актери.
  • Српска листа, најголемата српска политичка партија во Косово, остро се спротивстави на какво било намалување на присуството на КФОР кај мостот во Митровица и побара итна средба со командантот на трупите генералот Озкан Улуташ.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

По инвазијата врз Сеута силувани пет девојчиња помлади од 14 години

2

Од депонијата до изворот Рашче

Македонски рулет
3

Персеиди или кога светецот плаче: метеорскиот дожд кој може да се гледа вечерва

Bookbox
4

Елмас на крајот ќе игра за трет клуб во Италија

5

Елитниот Кембриџ се поднови. Со чучавци.

Урбан
6

Џ.Д. Венс ги запрел украинските напади врз танкери во Црно Море

7

НБА кошаркарот кој освои титула со Џордан, се откажа од милиони и исчезнал во океан кај Тахити

Фудбал
8

Суеверни градоначалници го кочат растот на Кина

Занимливости
1

По инвазијата врз Сеута силувани пет девојчиња помлади од 14 години

2

Елитниот Кембриџ се поднови. Со чучавци.

Урбан
3

Џ.Д. Венс ги запрел украинските напади врз танкери во Црно Море

4

Суеверни градоначалници го кочат растот на Кина

Занимливости
5

Израел пали шумски пожари за да го пеплоса Либан

Свет
6

Како Франција стана колонија на големите технолошки компании

Мислења
7

Прогласена епидемија од западнонилска треска во четири скопски општини

8

Исцрпени морнари од „Абрахам Линколн“ сакале да се фрлат во море

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Пазете ја седмицата

Македонштина

Кога песна ќе погоди словенска душа

Македонштина

Брегалница бара хакер

Балканштина

Администраторски поздрав

Македонштина

Што ли се става во оваа кошничка?

Балканштина

Детал од едно пијанство

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Јапонска анегдота на денот

Во врска со Сирија, Обама успеа да ги пацифицира - Американците

Звукот на козата

Џек Николсон: Што научив?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy