Кога воведуваа обврска за носење маски, говореа дека тоа ќе помогне во сузбивање на ширењето на заразата со коронавирус. Новинарите, пак, се 100% сигурни дека маските штитат од зараза. Во таа смисла, мерката за задолжително носење маска во продавница и јавен превоз би била оправдана.
Се разбира, би била оправдана КОГА би резултирала со сузбивање на ширењето на вирусот. Таа е на сила подолго од еден месец. Какви се резултатите?
Задолжителното носење маски е воведено на 25 јуни за јавниот превоз и на 14 јули за продавници. На тој начин државата подмолно го префрли товарот на репресијата на авто-превозниците и сопствениците на дуќани. Ако не носите маска во автобус или во продавница, вие нема да бидете казнети. Но, ако ве види државен инспектор, ќе го казни сопственикот на автобусот или дуќанот. На тој начин државата ги доведе приватниците во непријатна позиција да мораат да спроведуваат репресивни мерки над своите муштерии и да мора да ги бркаат од продавница затоа што не почитуваат некоја од мерките чија уставност е сомнителна.
Но, сето тоа би било издржливо и разбирливо кога таа репресивна мерка би вродила со плод, односно би ја сузбила раширеноста на заразата. Тоа очигледно не се случи. Напротив, после воведувањето на мерката за задолжително носење маска на лице, заразата со коронавирус во Хрватска достигнува рекордни размери, во што лесно можете да се уверите ако отворите кој било хрватски меинстрим портал.
Ќе поставам прашање кое се наметнува само по себе: за што тогаш служи таа мерка?
СЗО препорачува носење маски САМО на места каде што не е можно да се држи растојание од еден метар. Тоа се средствата за јавен превоз (автобус, воз, метро). Во продавници во кои секој може да држи прописно растојание, сосема е непотребно воведување на таа мерка.
Главниот шведски државен епидемиолог Андерс Тегнел објаснува дека обврската за носење маски може да има негативно влијание на заразата бидејќи на луѓето под маски им се создава лажно чувство за сигурност па повеќе ќе се доближуваат едни до други, мислејќи дека маските ги штитат. Изгледа дека тоа се случи и во Хрватска. Покрај таква опседнатост со маски, луѓето сосема заборавија дека треба да држат растојание. Мислат дека маската ја заменува дистанцата. А всушност, одржувањето дистанца е единствената вистинска заштита од заразата, ако веќе ви е толку битно да ја избегнете заразата.
Наспроти ваквите лоши резултати од мерките, новинарите сега бараат обврската за носење маска да се прошири и на сите јавни површини и на отворен простор. До каде со таа памет?
******
Види и: