Прошталното писмо на режисерот на Црниот пантер за Чадвик Боусмен

Забележав дека Чад е аномалија. Тој беше смирен. Уверен. Константно учеше. Но исто така и љубезен, утешителен, со најтоплата насмевка на светот и очи кои имаа видено премногу за неговите години, но и понатаму можеа да засветат како на дете кога ќе видеа нешто за прв пат.

Го наследив кастинг изборот на Марвел и браќата Русо за ликот на Т'Чала. И тоа е нешто за кое вечно ќе бидам благодарен. Прв пат го видов настапот на Чад како Т'Чала како дел од недовршената верзија за Капетан Америка: Граѓанска војна. Тогаш одлучував дали режирањето на Црниот пантер е прав избор за мене. Никогаш нема да го заборавам седењето во уредничкиот апартман во Дизни, прегледувајќи ги неговите сцени. Неговата прва сцена е со Скарлет Јохансон како Црната вдовица, и со титанот на јужноафриканската кинематографија, Џон Кани како татко на Т'Чала, кралот Т'Чака. Тоа беше моментот кога знаев дека сакам да го снимам овој филм. Откако ликот на Скарлет ги напушта, Чад и Џон почнуваат разговор на јазик кој никогаш претходно го немам чуено. Звучеше познато, полно со истите звуци што ги прават младите црни деца во САД. Истите звуци за кои честопати сме биле укорувани дека се неучтиви и несоодветни. Меѓутоа тие во себе имаа музикалност која остава чувство на нешто старо, моќно и афричко.

На мојот состанок по гледањето на филмот, го распрашав Нејт Мур, еден од продуцентите, за јазикот „Дали вие го измисливте?“ На што Нејт одговори „тоа е Коса, родниот јазик на Џон Кани. Тој и Чад решија така да ја одиграат цената, и ние се сложивме“. Си помислив во себе „ги научил репликите на друг јазик, истиот ден?“ Не можев ни да сфатам колку тоа би можело да е тешко, и иако се уште го немав запознаено Чад, веќе имав стравопочит кон неговиот капацитет како глумец.

Подоцна дознав дека имало голема дебата околу тоа како Т'Чала ќе звучи во филмот. Одлуката Коса да биде официјалниот јазик на Ваканда беше зацврстена од Чад, родум од Северна Каролина, бидејќи успеа да ги научи своите реплики на Коса јазик, на лице место. Тој исто така се залагал за неговиот лик да зборува со африкански акцент, за да може да го претстави Т'Чала како африкански крал, чиј дијалект не е освоен од Западот.

Конечно го запознав Чад лично во 2016, откако потпишав за филмот. Се протна меѓу новинарите кои беа собрани за мојата прес-конференција за Крид, и се сретнавме во зелената соба. Зборувавме за нашиот живот, за времето кога играв фудбал во колеџ, и за неговиот престој во Хауард каде учеше да биде режисер, за нашата заедничка визија за Т'Чала и Ваканда. Зборувавме за иронијата што неговиот поранешен соученик од Хауард Та-Нехиси Коутс го пишува сегашниот развој на ликот на Т'Чала кај Марвел комикс. И како Чад се знаел со студентот на Хауард, Принс Џонс, кој беше убиен од полицијата и го инспирирал мемоарот на Коутс - Меѓу светот и мене.

Забележав дека Чад е аномалија. Тој беше смирен. Уверен. Константно учеше. Но исто така и љубезен, утешителен, со најтоплата насмевка на светот и очи кои имаа видено премногу за неговите години, но и понатаму можеа да засветат како на дете кога ќе видеа нешто за прв пат.

Ова беше прв од многуте разговори. Тој беше посебна личност. Честопати ќе зборувавме за наследството и што значи да си Африканец. Кога се подготвувавме за филмот, тој повеќе пати ќе ја размислеше секоја одлука, секој избор, не само како тоа ќе се одрази на него, туку и како неговите одлуки ќе се одгласат. „Не се подготвени за ова што го правиме...“ „Ова е Ѕвездени војни, ова е Господарот на прстените, но за нас... и е поголемо!“ Секогаш го велеше ова додека се трудевме да завршиме драматична сцена, издолжувајќи ја во двојни продолжетоци. Или додека беше прекриен во боја, правејќи ги сопствените каскадерски сцени. Или удирајќи во престудената вода, и сунѓерести душеци за приземјување. Ќе му климнев и ќе се насмеев, меѓутоа не му верував. Јас немав поим дали филмот ќе успее. Не бев сигурен дали знаев што правам. Меѓутоа гледајќи наназад сфаќам дека Чад знаеше нешто што сите ние не го знаевме. Тој играше на долги патеки. И сето тоа работејќи на ниво. А работеше беспоштедно.

Тој доаѓаше на аудициите за споредни улоги, што не е честа појава за главни глумци во скапи филмови. Тој беше таму за неколку аудиции за М'Баку. Кога беше Винстон Дјук тој го претвори читањето на репликите во боречки меч. Винстон ја скрши својата бразлетна. На аудицијата на Летиција Рајт за Шури, таа го проби неговото кралско држење со нејзиниот препознатлив хумор, и тоа ќе донесеше насмевка на лицето на Т'Чала која беше 100% Чад.

Додека го снимавме филмот, се среќававме во канцеларија или во мојот изнајмен дом во Атланта за да разговараме за репликите или за различните начини да се додаде длабочина на секоја сцена. Зборувавме за костимите, војните навики. Тој ми рече „жителите на Ваканда мораат да танцуваат за време на крунисувањето. Ако само стојат тамо со копје во рака, што ќе ги разликува нив од Римјаните?“ Во првите верзии на сценариото ликот на Ерик Килмонгер бараше од Т'Чала да биде закопан во Ваканда. Чад беше против тоа и праша, што ако Килмонгер побара да биде закопан на друго место?

Чад длабоко ја почитуваше својата приватност, и јас не бев свесен за деталите на неговата болест. Откако неговото семејство го објави соопштението, сфатив дека тој за цело време на нашето познанство живеел со болеста. Бидејќи тој беше човек што се грижи, лидер и човек од вера, достоинство и гордост, тој ги штитеше своите соработници од своето страдање. Тој живееше убав живот. И тој создаде одлична уметност. Ден за ден, година за година. Тоа е беше тој. Тој беше епски огномет. До мојот последен ден ќе раскажувам за некои од брилијантните искри на кои бев сведок. Какво неверојатно обележје остави тој за нас.

Никогаш до сега не сум тажел за ваква тешка загуба. Минатата година ја минав подготвувајќи се, замислувајќи и пишувајќи зборови што тој треба да ги каже, а кои не ни беше судено да ги видиме. Ме остава скршен помислата дека нема да можам на мониторот да видам уште еден кадар од него или да отидам до него и да побарам уште еден обид.

Повеќе боли тоа што знам дека не можеме да имаме уште еден разговор, или Фејстајм, или да разменуваме пораки. Тој ми испраќаше вегетаријански рецепти и насоки за јадење за мене и моето семејство за време на пандемијата. Тој проверуваше како сум јас и моите најблиски, дури и кога страдаше од ужасите на ракот.

Во африканските култури често пати нашите сакани што починале ги ословуваме како предци. Некогаш си во генетско сродство. Некогаш не си. Ја имав привилегијата да ги режирам сцените во кои ликот на Чад, Т'Чала, комуницира со своите предци од Ваканда. Бевме во Атланта, во напуштен магацин, со хрома, и огромни филмски светла, меѓутоа глумата на Чад правеше тоа да изгледа реално. Мислам дека тоа е затоа што од моментот кога го запознав, предците зборуваа преку него. За мене сега не е тајна како тој можеше толку умешно да ги одглуми некои од нашите највпечатливи предци. Немав сомнеж дека тој ќе живее и продолжи да не благословува со многу други. Меѓутоа со тешко срце и чувство на длабока благодарност што воопшто сум бил во негово присуство, морам да се помирам со фактот дека Чад сега е предок. И знам дека тој ќе бдее над нас додека повторно не се сретнеме.

Рајан Куглер

31 август 2020 - 21:56