Дизајнирана и спроведена од Универзитетскиот колеџ во Лондон, студијата вклучила повеќе од 4.000 новодијагностицирани пациентки на возраст над 40 години во Велика Британија, Норвешка, Шведска, Австралија, Нов Зеланд и Тајланд.
Научниците го користеле генскиот тест Prosigna за да ја измерат активноста на 50 гени вклучени во растот на ракот на дојка и да го пресметаат ризикот на пациентот од враќање на болеста.
Оние кои добиле низок резултат - две третини од групата - не биле третирани со хемотерапија. Петгодишната стапка на преживување на нивната група била 93,7%, поголема од кај пациентките кои примале хемотерапија.
Примарен третман за рак на дојка обично е операција за отстранување на туморот. Хемотерапијата често се препорачува после тоа, за да се намали ризикот од повторна појава. Редовно се нуди и на луѓе со рак на дојка во рана фаза кој се проширил на блиските лимфни јазли.
Но, хемотерапијата може да предизвика замор, гадење, опаѓање на косата, ослабен имунолошки систем и проблеми со плодноста.
„Порано дававме хемотерапија на 100 жени за корист да имаат 10, претпоставувајќи дека на 90 не им е потребна“, вели професорот Дејвид Мајлс, водечки специјалист за рак. „Сега можеме со сигурност да предвидиме дека многу пациенти нема да имаат никаква корист и затоа ќе нема потреба да минуваат низ целата таа непријатност.“.
Види и:
Хемотерапијата може да го забрза ширењето на ракот
Со тест на крв порано ќе се открива рак