Елон Маск сега е побогат од Закерберг

Маск е третиот по богатство човек на светот, симнувајќи го Закерберг на четврто место и набивајќи разлика од околу 5 милијарди долари (115 милијарди) пред богатството на основачот на Фејсбук (110 милијарди).

49-годишниот Маск годинава имаше раст на нето вредноста од 87,8 милијарди долари, главно благодарејќи на 500% раст на цената на акциите на Тесла. Благодарејќи на неверојатниот договор за плата, богатството на Маск би можело да порасне за дополнителни 50 милијарди долари доколку сите цели се исполнети.

Во исто време пазарната вредност на Тесла изнесува 464 милијарди долари со што ја надминува вредноста на Волмарт, најголемата американска компанија по приходи.

Со скокот на вредноста на акциите, Маск влезе во ексклузивниот клуб на милијардери со вредност над 100 милијарди долари, во кој освен него се Закерберг, Гејтс и Безос.

Прв на листата во ова друштво со над 200 милијарди долари е Џеф Безос, а по не го е Бил Гејтс.

1 септември 2020 - 11:19