Вашингтон пост пишува за „дузини“ агенти на Тајната служба кои се заразиле од вирусот или биле во карантин изминатите два месеца откако биле изложени на ковид-19 додека го планирале обезбедувањето на републиканските митинзи или го придружувале претседателот „ на неговите излети во Флорида“.
„Никогаш претходно Тајната служба не требала да работи со претседател што толку бил решен себе си да се стави пред сите без разлика на последиците, вклучувајќи ги и оние за лицата околу него.
А одржувајќи немилосрден распоред за патување и други начини за избегнување на препораките за јавно здравје, тој ги притиска агентите да се стават во дополнителен ризик кој само го надополнува нивниот значителен професионален ризик на начини кои квалитативно се поинакви од она на што тие се согласиле кога се приклучиле кон Тајната служба,“ изјавува за Пост поранешниот ЦИА аналитичар и експерт за национална безбедност, Нед Прајс.
Во примерите што ги наведува Вашингтон пост, петмина агенти кои го планирале обезбедувањето на јулскиот митинг на Трамп во Тампа, морале да бидат заменети откако еден од нив бил позитивен. Потоа двајца агенти имале симптоми на ковид-19 откако го обезбедувале Трамп додека играл голф во неговиот приватен клуб. Најголем бил кластерот во Тулса, кога 6 лица од персоналот и 2 агенти на Тајната служба го закачиле вирусот, по што десетици агенти морале да бидат ставени во карантин, што и направило проблем на службата да најде луѓе за заштита на претседателот. Посета на Мајк Пенс на Феникс, завршила со 8 агенти со симптоми или сомнеж дека биле изложени на вирусот, заради што морале во карантин.