Тест за ковид-19 од 5 долари и готов за 15 минути

Тестот на компанијата Абот доби одобрение за користење од американската ФДА. Ветувањето на Абот е дека резултатите ќе се чекаат само 15 минути, и ќе чини 5 долари.

Се вика BinaxNOW и функционира во дует со апликацијата за мобилен, Navica, која треба да служи како „привремена дигитална здравствена пропусница“ за луѓе кои имале негативен тест за ковид-19.

 

Од Абот најавуваат дека намерата им е да произведуваат 50 милиони тестови месечно кои ќе ги продаваат по цена од 5 долари.

Тестот функционира со земање примерок од нос, кој потоа се проверува на „реактивна картичка“ што оди во пакетот, која треба да покаже дали кај лицето има анти-тела на САРС-КоВ-2. Целта не е тестовите да се продаваат во супермаркети, туку тие и понатаму ќе треба да бидат спроведени од медицински лица.

Во клиничките испитувања во кои учествуваат и американски универзитети, тестовите на Абот прецизно утврдиле 97,1% од лицата што ја имале болеста, и 98,5% од лицата што ја немале.

27 август 2020 - 10:26