Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Сан Франциско, градот во кој дрогата коси повеќе од ковид-19

Минатата година сред пандемија во еден од најголемите градови во Калифорнија и САД повеќе луѓе умреле од предозирање отколку од ковид-19.

Руските пранкери најдоа нови Заеви

Имитирајќи угледни белоруски опозиционери, двајцата руски заебанти измамиле луѓе од американска организација финансирана од Конгресот, доведувајќи ги во состојба да зборуваат колкаво е американското замешеталство во политичките движења во источна Европа. 

Сега навистина е нешто труло во државата Данска

Откако потепа 17 милиони визони кои се одгледуваат за скапи бунди од страв да не пренесат ковид на луѓе, Данска сфати дека не било баш најпаметно да ги закопува. Ене ги, ги откопуваат, само што, сега не се сигурни што да прават со нив.

Бега како Убер од данок

За да избегне што е можно повеќе данок на глобално ниво, Убер има отворено околу 50 шел компании во Холандија, кои му вршат милијарди долари работа.

20 компании одговорни за над половина од пластичниот отпад на светско ниво

Се работи за пластика за една употреба (шишиња, пакување за храна, кеси) која ја има во милијарди примероци и која се фрла после едно користење, често пати завршувајќи во океаните.

Америка, земјата на слободниот избор

Гувернерот на Јужна Каролина потпиша закон по кој осудениците на смртна казна ќе бираат дали да бидат убиени од стрелачки вод или на електрична столица. Чекајте да видите кој мотив стои зад ваквиот благороден гест.

Не е вотка ракија, ама ноќва озрачува

Украина запленила 1.500 литри вотка направена од чернобилски јаболка. Не дека се работи за некој таен проект. Вотката транспарентно e наречена „Атомка“ и сега се бара назад, во име на науката.

Прекувремено умрен патријархат

Предолгото работно време е смртоносно за стотици илјади работници годишно. За љубител(к)ите на приказните за привилегираните мажи, податок дека огромно мнозинство од прегорените се средновечни или постари мажи.

Твитер размислува за Твитер за пари

Не вие да заработите пари, туку тие да заработат пари. Цената на платениот Твитер би била 2,99 долари месечно, а вклучува опција за „undo tweet“ и организирање на твитовите во колекции.

Како на светот одеднаш почна сè да му снемува?

Тоа што пред една година го правеше обичниот народ по супермаркетите со тоалет хартија, брашно и средства за дезинфекција, денес на светскиот пазар го прават најголемите глобални корпорации од секоја можна индустрија.

Турското рециклирање на британски отпад е палење пластика

Пластиката што како отпад пристигнува во Турција за рециклирање главно завршува на депонии или е запалена, се тврди во истрагата на Гринпис.

Милорд за сите времиња

„Можеби не бев најдобар син ама ти беше најдобар тато,“ напиша Марко Марјановиќ за својот татко кој почина од коронавирус на убави 89 години живот. Ѓорѓе Марјановиќ стана легенда поради својата сценска експлозивност и страст со која царуваше на бината.  Петар Луковиќ забележува дека тој прв се одважува да го симне микрофонот од сталак и со него да прошета низ публика, пореметувајќи ја дотогаш прибраната и штиркана естрада.

Како новинарите станаа агенти на шпионската држава

Оние кои порано се бореа против непотребно и прекумерно следење и шпионирање на своите сограѓани, за многу кратко време станаа промотори на кодошлук. Угледни медиумски аутлети сега промовираат новинарство кое се спроведува во соработка со разузнавачките и шпионски  служби.

Ковид во пенисот близу вас

Докторите од Универзитетот излегоа со загрижувачка вест: на удар не се само, белите дробови, бубрезите и слични органи, секундарни за самодовербата на машкиот организам. Болно ни е и да ја замислиме локацијата на новиот PCR тест.

Уште две години ќе се молиме за лаптопи и графички

Глобалната криза со компјутерски чипови може да трае уште две години, е предупредувањето што доаѓа од првиот човек на ИБМ.

Започнува корнењето на 5Г опремата на Хуавеи во Британија

По речиси една деценија анализи и качувања по згради за да видат каде да ја постават 5Г опремата на Хуавеи, инженерите на Бритиш телеком деновиве ја започнаа 700 милиони долари вредната акција за вадење на истата оваа опрема и заменување со друга.

27% од возрасните во ЕУ одбиваат да се вакцинираат против ковид-19

Просекот на ниво на Унијата е над една четвртина од возрасната популација, а во одредени држави, пример Франција, тоа знае да достигне и до 50%.

Шпион на четири тркала

Ако го спојувате вашиот смартфон и вашиот автомобил, не сте свеесни колку надлежните служби можат да дознаат за вас. Не само каде се имате возено, туку и кои врати (и каде) сте ги отвориле.

РИП Бoжидар Николиќ

По две работи ќе памети Бота Николиќ, српскиот режисер и директор на фотографија: по Бред Пит и по Бата.

Највакцинираната нација на светот повторно фаќа ковид

Сејшелските острови регистрираат пораст во новозаразени од коронавирус иако повеќето луѓе се прописно имунизирани, со синофарм и астразенека. „Изборот на вакцината сепак е  важен“, порачуваат западни медицински авторитети. 

Пандемијата на коронавирус можеше да биде спречена

Доколку светските лидери реагираа на време и како што треба, пандемијата на ковид ќе беше спречена и немаше да го чини светот милиони жртви и неброени загуби во пари, тврди извештај на СЗО.

Може ли 4 годишно девојче да знае дека е машко?

Сторми е 4 годишно девојче од Англија чии родителите веруваат дека е трансџендер момче. Вeруваат така бидејќи самата Сторми искажала уверување дека има машки џинџер идентитет.

Криптовалутата што за еден ден постоење стигна до 45 милијарди долари

Се вика „интернет компјутер“, почна да постои во понеделникот, веќе е влезена во топ 10 криптовалути во светот и има вкупна пазарна вредност од 45 милијарди долари.

Инфлација нема, за сега

Прво порасна побарувачката на сè и сешто, па пораснаа цените на суровините, и сега пораснаа цените на производителите во Кина. Збирниот заклучок од ова е дека светска инфлација најверојатно нема да има.