Тазе објавениот извештај главната вина за анти-ваксерското расположение ја товари на ЕУ и на владите на земјите членки, кои „не успеале да испорачаат убедлива и јасна комуникација околу ефикасноста и безбедноста на вакцините.
Стравот е дека колебањето околу вакцините „може да го поткопа капацитетот на земјите членки да имплементираат силна програма за вакцинација“.
Во истражувањето на Еурофаунд, најлоши резултати има Бугарија каде 61% од испитаниците не се наклонети кон примање вакцина, а во останатите источноевропски држави, Латвија, Хрватска, Словенија, Полска и Словачка, просекот е над 30%, а кај некои стига и до 50.
Од големите (богатите) ЕУ држави најскептична е Франција, каде само половина од популацијата изјавила дека е „многу“ или „веројатно“ дека ќе се вакцинира. За споредба, во Шпанија и Италија нешто помалку од 20% се колебаат околу вакцината.
До сега во ЕУ се дадени над 200 милиони дози, а само 12% од населението било целосно вакцинирано.