Вакцините против ковид својата кариера ја почнаа многу славно, за со тек на време да им спласне ем славата, ем силата, па решението за второто беше бустер вакцина. Сега научните предвидувања се дека уште долги години ќе примаме бустери.
Личните богатства на некои од водечките имиња во фармацевтската индустрија пораснаа главно заради скокот на акциите на нивните компании, што се базира на добрата продажба на вакцини низ светот.
Соединетите држави во Светската трговска организација ја дадоа својата поддршка на Индија и Јужна Африка во барањето за привремено укинување на интелектуалната сопственост кај вакцините како истите би можеле да почнат масовно да се произведуваат низ светот.
На вакцинираните со две дози од Фајзер најверојатно ќе им треба и трета доза во рок од 12 месеци, а долгорочното решение е вакцинирање еднаш годишно, порачува ЦЕО-то на Фајзер.
Првата јавно објавена цел на Бајден околу ковид-19 беше САД да стигнат до 1 милион вакцинирања на ден. Сега се стигнати до 3 милиони. Следната цел им е 4 милиони.
Пратка од 700.000 Фајзер вакцини која во неделата требаше да стигне во Израел е одложена на неодредено време. Во случајов неодредено време е колку и да му е потребно на Израел да плати фактура.
Примањето на втората доза од вакцината се претвори во некакво си корона матурирање, кога човек ги спушта сите гардови и тргнува во прослава на својата новостекната авенџерска надмоќ над вирусот. И речиси и да не може да биде попогрешно од тоа.
Орбан уште со време реши дека вакцинацијата на унгарските граѓани му е поважна од правилата на ЕУ и нарача руски вакцини. Сега по сличен пат тргнаа и ЕУ тешкаши како Австрија и Данска.