Првичниот таргет е прилично разочарувачки бидејќи тоа е нивото на вакцинација што го држи и администрацијата на Трамп, и е далеку поспоро од испораката на вакцини од производителите. Математички во тоа време излегува дека далеку пореален таргет е 3 милиони вакцини на ден. Бројката прилично ги потресува луѓето од Белата куќа, од каде на долго и на широко ги објаснуваат логистичките проблеми со испорака и давање на 3 милиони дози на ден. Сепак, тие во ниту еден момент експлицитно не ја отфрлаат оваа бројка.
„Реакцијата ме натера да верувам дека нивната вистинска цел е многу поблиску до три милиони отколку до еден милион, меѓутоа сакаат јавно да постават цел која без проблеми ќе можат да ја исполнат,“ пишува Дејвид Леонард во текстот за Њујорк тајмс.
Достигнувањето на границата од 3 милиони на ден „значеше мобилизација како за војна“, која вклучува и приватен и државен сектор, па покрај сосема новите центри за масовна вакцинација, во употреба беше ставена и постојна инфраструктура како аптеки.
Со таква стратегија, во изминатите пет дена, над 5% од американската популација доби вакцина, со што моментално една третина од Американците имаат добиено по барем една доза. Ова е поголема бројка по глава на жител од која било друга голема држава освен Британија.
Процената е дека вака високата стапка на вакцинација помогна бројот на ковид случаи во САД и покрај тоа што и понатаму е голем, да достигне плато над кое не пробива, со што за сега успеваат да го спречат пролетниот бран. Бројот на смртни случаи е во константен пад делумно и затоа што голем број од најранливите Американци, како популацијата над 65 години, добија по најмалку еден доза.
Следната борба на администрацијата на Бајден е дали да се трка до 4 милиони, или малку да запре со растот на сметка на поправично вакцинирање кое ќе опфаќа повеќе од посиромашните и не-белите етнички групи.
Главниот притисок кон 4 милиони вакцинации на ден повторно ќе биде од ланецот на снабдување, бидејќи Џонсон и Џонсон, Модерна и Фајзер пролетва ќе почнат да им испорачуваат на САД по 4 милиони вакцини на ден, заедно.