„Ефикасноста на првите две дози мРНК вакцини за спречување на хоспитализација и смрт беше намалена од новите варијанти кои имаат висок степен на избегнување на имунитетот.
Заштитата од вакцините стана пократка, посебно со појавата на омикрон варијантите. Луѓето ги гледаа податоците и се чудеа која е целта на вакцинирање ако тие не спречуваат зарази, и колку воопшто трае заштитата?
Да се очекува целосна заштита од само примарната серија вакцини (двете дози) е неразумно - и веројатно секогаш ќе биде така - меѓутоа некако општеството премногу високо ја крена границата за тоа што се смета за прифатлив број на дози на ковид-19 вакцини. Наместо тоа, треба да разбереме дека во догледна иднина редовно ќе примаме бустери, и да го почитуваме нивниот бенефит,“ пишуваат во магазинот Тајм професорите по имунологија и јавно здравје, Акико Ивасаки и Алберт Ко.
Тие објаснуваат дека повеќе дози од една вакцина не е ништо ново. Вакцинирањето деца знае да биде од 3 до 5 дози (3 за хепатит Б, 5 за дифтерија, тетанус) кои се даваат до 18-годишна возраст. Исто е и кај возрасните со вакцините против инфлуенца кои треба да се примаат еднаш годишно.
„Не гледаш дека луѓе се жалат за тоа што треба да ја примат 60-та доза вакцина против инфлуенца.
На ист начин треба да размислуваме и за ковид-19 вакцините,“ порачуваат двајцата професори.
Објаснувањето на Ивасаки и Ко зошто требаат бустери е за да се надополнат со информации, одржуваат и унапредат Т и Б клетките кои треба да спречат посериозно заболување.