Медицински, имунитетот на коронавирусот не се појавува магично на истиот ден кога ќе ја примиш втората доза од вакцината. Бирократски, американско ЦДЦ не те прима во клубот на целосно вакцинира дури две недели по примањето на втората доза.
ЦДЦ минатата недела објасни дека двете недели по последната доза, се периодот што им е неопходен на вакцинираните за да развијат доволно имунитет за одбрана од симптоматични случаи на ковид-19. Само тогаш вакцинираните можат да го менуваат своето однесување и во мали групи да се мешаат на затворено без маски, да посетуваат невакцнирани лица и да не одат во карантин по контактирање со заразен.
„Вакцинирањето и заштитата што ја нуди, многу помалку е сингуларен настан отколку серија на чекори.
Од перспектива на заштита не многу нешто се случува на првиот ден од вакцинирањето - заради што загриженоста околу заразите кои се случуваат за време на вакцинацијата се непотребни, како бројните постови на социјалните мрежи во кои здравствени работници и политичари пишуваат како се заразиле веднаш по вакцинирањето.
Меѓутоа вакви случаи се целосно очекувани. Вакцината едноставно на телото му испорачува пакет материјали за изучување; па дури потоа имунитетните клетки мора да ја обработат целата информација од заразниот напаѓач и тоа е процес кој трае неколку дена па и недели.
Кратко откако е дадена вакцината, овие клетки започнуваат брз курс за коронавирус. Прво клетките за брза реакција ја испитуваат содржината на вакцината, и потоа информациите ги испраќаат до своите специјализирани колеги: Б клетките, задолжени за создавање на антитела, и Т клетките, кои ги уништуваат заразените клетки, и учат како да го уловат вирусот со снајперска прецизност.
За цело тоа време телото напорно работи да ги регрутира најдобрите Б и Т клетки борци за справување со вирусот. Некои од овие клетки дури и се натпреваруваат меѓу себе, елиминирајќи ги послабите борци.
Во оваа смисла, случаите на САРС-КоВ-2 кои се случуваат пред телото да има време да реагира на вакцината, се изненадувачки колку и студент што паднал на испит затоа што не го научил целиот материјал,“ пишува Катрин Ву во текстот за Атлантик.
Препораката на научниците кои се занимаваат со вакцини е дека е неопходно ширење на појасна порака околу вакцинирањето и временските очекувања и претпазливоста што треба да ги имаат вакцинираните.
„За да се разликува меѓу вакцинирањето и заштитата, на документот за вакцинација треба да ги има не само датумите на вакцинирање, туку и крајот на препорачаниот период за чекање,“ е една од препораките на Ву.