Највакцинираната нација на светот повторно фаќа ковид

Сејшелските острови регистрираат пораст во новозаразени од коронавирус иако повеќето луѓе се прописно имунизирани, со синофарм и астразенека. „Изборот на вакцината сепак е  важен“, порачуваат западни медицински авторитети. 

Кинеската држава очекуваше синофарм да биде флегшип на нивната вакцинална дипломатија, особено во неразвиените земји, па во тоа име донираа 13,3 милиони вакцини по светов. 

Случајот со Сејшелите не оди во прилог на вака замисленото сценарио а веста е непријатна за 56 држави од светот чии надежи се во синофарм.

Њјорк тајмс ги нарекува највакцинираната нација на светот бидејќи преку 60% од стоте илјади луѓе на островите се имунизирани со две дози. Главно со синофарм (57%) и астразенека (43%).

Од новозаразените случаи, 37 проценти биле комплетно вакцинирани. Не се открива колку од која вакцина се тие случаи, но тоа не му пречи на Њујорк тајмс (и други западни медиуми) во поднасловот да ја спомне само синофарм).

„Навистина ви се потребни високо-ефикасни вакцини за да се нормализира ситуацијата инаку ќе се живее со болеста долго време“, вели Раина Мекентајер, прв човек на програмот за био-безбедност на австралискиот Кирби институт. „Изборот на вакцината е важно прашање,“ тврди таа.

Ситуацијата со Сејшелите одговара со 50% ефикасност на вакцината, наместо со 78,1% кој го наведуваше производителот на синофарм, пренесува Њујорк Тајмс мислење на педијатар од Мелбурн.

*********

За синофарм, прочитај го и одличниот Фејсбук пост на Дејан Трајковски

13 мај 2021 - 13:15