Вован и Лексус се приклучиле во онлајн состанок на НЕД (National Endowment for Democracy) кои верувале дека зборуваат со белоруската опозиционерка Светлана Тикановскаја и нејзиниот помошник.
Во опуштен состанок како што доликува меѓу соборци, високи претставници на американската организација слободно зборувале како финансираат и поддржуваат анти-владини движења во регионот, вклучително и Русија.
Нина Огнанова, која е човек на НЕД за Белорусија истакнала дека многу луѓе кои биле тренирани во нивните хабови, сега ја преземаат работата во свои раце и почнуваат сами да ги организираат заедниците.
На овој начин НЕД одиграл „скромна но значајна“ улога во разгорувањето на масовните демонстрации во Белорусија откако долгогодишниот лидер Лукашенко прогласи победа на претседателските избори во август. Тој пак, цело време тврдеше дека бунтот против него е дело на странски служби и институции.
Членовите на американската организација, чија номинална улога е „поддршка на слободата ширум светот“ со насмевка го проследиле потсетувањето дека во Русија нивната работа е илегална.
„Ние немаме канцеларии како Фридом Хаус, ИРИ или НДИ. А кога немаш канцеларии, нема од каде да те избркаат,“ гордо рекле слободариве уверувајќи ги своите лажни соговорници дека и покрај тоа, имаат длабоки и широки линии на влијание дури и во најмалите клетки на отпорот против актуелните руски власти.
Веста ја пренесува РТ која потсетува дека пранкерите Вован и Лексу чии вистински имиња се Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров имаат прелажано ликови и институции како Амнести Интернешенл, принцот Хари или турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Заев не се спомнува што е скроз нефер бидејќи таа епизода го има најлудиот можен момент, кога пранкерите престанале да му дигаат телефон на Заев кој почнал да претерува со желбата да се чуе со Порошенко.