Може ли 4 годишно девојче да знае дека е машко?

Сторми е 4 годишно девојче од Англија чии родителите веруваат дека е трансџендер момче. Вeруваат така бидејќи самата Сторми искажала уверување дека има машки џинџер идентитет.

"Дел од тоа да си дете е и да не ти е секогаш најјасна разликата меѓу реалноста и фантазијата. Јас свежо се сеќавам дека кога бев мала, верував дека можам да летам, ама тоа не значеше дека од мојата учителката очекував да ми честита за моите летечки вештини“, возвраќа на ваквата будалаштина Џо Бартош, новинарка и активист која се бави со правата на жените и девојките, но не на доминантниот феминистички и разбуден начин.

Родителите на Сторми ги дочекаа своите 15 минути слава па гостуваа во најпопуларното британско утринско шоу, во кое, инаку прешармантната водителка Холи Вилоуби им изразила поддршка и самоуверено рекла „Како општество, ние сакаме да ги ставаме луѓето во машки и женски кутии, кои одговараат на она што гои знаеме. Тоа има логика, ни пружа угодност но реалноста не не таква.“

„Кажувајќи го ова, Вилоуби не само што демонстрираше алармантно ниво на наивност - туку комплетно ја промашува поентата,“ вели Бартош. „Сторми може да биде девојче и да живее надвор од женската кутија. Може да има кратка коса, да носи пантолони, да сака пожарникари а да продолжи да биде женско. Нејзините родители се тие кои сакаат да ја стават во кутија, онаа „машката“. Тука нема ништо прогресивно. Тоа е токму она кое некогаш се нарекуваше сексизам.“

Во периодот меѓу 2009 и 2019 година, барања помош од сервиси за родови идентитети се зголемиле за 1.460% кога се работи за машки и дури за 5.337% кога се работи за девојчиња.

Таткото на Сторми е горд што таа ЗНАЕ дека е машко. Според него, Сторми почнала да дава сигнали за тоа (стручно се вика родова дисфорија) уште пред да научи да зборува и едвај чекала да облече машка облека како нејзиното братче близнак Арло. Дополнителен „доказ“ му е што уште од најмала возраст си играла со полицајци и пожарникари а ич нејќела кукли и светкави чевличиња. Притоа е незадоволен што општеството не сака да помогне уште на оваа возраст, со оглед на тоа што во Британија е забрането манипулирање со хормоните и пубертетот пред 16 годишна возраст.  

Основачот на Трансџендер тренд, организација на родителите, стручњаци и интелектуалци кои се загрижени поради дијагностицирањето деца како трансџендери, вели:

„Постојат многу причини зошто едно толку мало дете може да помисли дека е од другиот пол. Деца под 7 годишна возраст уште веруваат дека облекувањето на машка кукла во женска облека, ја претвора таа кукла во девојче. Во случајов, уште еден, сосема разбирлив фактор можно е да е желбата „да се стане“ како братчето близнак, особено ако во игра е и некоја љубомора“.

Точно е дека многу луѓе не се комфорни во зададените родови кутии, кои ги претставуваат оние социјални очекувања кои се наметнуваат поради биолошките зададености. Но, на мислечки возрасни луѓе треба да им е јасно дека решението не е во менување на нивните тела, за да можат тие луѓе да бидат комфорни - во спротивната кутија. Прашањето е зошто воопшто имаме потреба човечки суштества да ставаме во кутии.

**********

Од Бартош прочитај и:

За жените кои силуваат жени со своите пениси

12 мај 2021 - 13:51