- Силите на НАТО на Косово почнаа постепено ѝ го предаваат на локалната и на меѓународната полиција обезбедувањето на две критични локации – српскиот манастир Дечани и главниот мост на реката Ибар во Митровица.
- КФОР објави дека трупите ќе задржат видливо присуство на двете страни на Митровица и низ северот на Косово. Персоналот ќе биде распореден за да реагира итно на какво било влошување на безбедносната ситуација.
- Процесот ќе биде постепен и координиран со косовските институции, косовската полиција, ЕУЛЕКС и други меѓународни актери.
- Српска листа, најголемата српска политичка партија во Косово, остро се спротивстави на какво било намалување на присуството на КФОР кај мостот во Митровица и побара итна средба со командантот на трупите генералот Озкан Улуташ.
- Федералната влада на САД укинува средства од програмата „Медикејд“ за покривање на трошоците за операции за промена на полот и хормонска терапија за малолетници, објави претседателот Доналд Трамп.
- Ова опфаќа блокатори на пубертетот, хормони за промена на полот и хируршки зафати.
- Правилото стапува на сила на 13 октомври. Федералното финансирање останува достапно во преоден период од шест месеци за децата кои веќе се на хормонска терапија.
- Сојузните државите сè уште ќе можат да ги користат своите средства за вакви третмани.
- Министерот за здравство Роберт Кенеди Јуниор во декември предупреди дека „процедурите за отфрлање на полот кај деца и адолесценти не се ниту безбедни ниту ефикасни како метод на лекување за родова дисфорија, родова несовпаѓање или други поврзани нарушувања кај малолетници.“
- Министерството истакна ризици за неплодност и губење на густината на коските и препорача психотерапија како алтернативен третман.
- Иран наскоро ќе ѝ се приклучи на Новата банка за развој на блокот БРИКС, што на Техеран ќе му отвори нов канал за финансирање на развојот, надвор од системот во кој доминираат западните земји.
- Иран, кој со децении трпи тешки американски и меѓународни санкции, пред две години стана полноправна членка на БРИКС, економско-политичкиот сојуз формиран од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.
- Една од главните цели на БРИКС е да ја намали зависноста на членките од американскиот долар преку поттикнување на трговија и финансиски трансакции во нивните национални валути.
- Иран се залага за билатерални порамнувања во локални валути, па дури и за воведување единствена валута на БРИКС. Новите чекори кон дедоларизација опфаќаат поединечни аранжмани – како што се плаќањата во јуани за трговија со нафта и гас, и напорите на Русија и Иран за поврзување на нивните банкарски системи.