Израел пали шумски пожари за да го пеплоса Либан

Додека војуваа со Хезболах, израелските сили го бомбардираа јужен Либан, а потоа со багери ги уриваа сите куќи и имоти. Откако во јуни потпишаа примирје, се префрлија на уништувачка тактика на палење шуми и земјоделски насади за да го пеплосаат регионот. Потпалуваат оган со ракети и дронови, а потоа ги попречуваат интервенциите на противпожарните екипи.

Израелската војска за време на војната со Хезболах тврдеше дека терористичката група ги користи шумските области како засолниште за борците и за подземни штабови и магацини.

Во 2024 година користела дури и средновековни катапулти за да фрлаат запалени проектили преку граничниот ѕид со Либан. Дронови со резервоари ги прскале шумите со запаливи материи.

По затишјето во борбите и потпишаното примирје, израелските трупи повторно почнале да исфрлаат сигнални ракети кон шумите и земјоделските површини за да предизвикаат пожари и да ги уништат, тврдат либанските службите за итни интервенции, жителите и еколошките групи.

Вчера со ракети предизвикале пожар во шумска област во близина на Хијам, во јужен Либан. Кога пристигнале противопожарни екипи, близу нив удрило беспилотно летало и ги принудило да се повлечат.  Кога пожарникарите се обиделе да ги изгаснат пламените јазици, беспилотно летало удрило во близина, принудувајќи ги да се повлечат.

Изгорени се огромни шумски површини. Немам точни податоци, но во областите близу до линијата на фронтот, околу 30-40% од земјиштето е зафатено од пожари. Секојдневно фрлаат запаливи бомби. Се појавуваат мали беспилотни летала кои врз шумите исфрлаат гранати со бел фосфор. Користат и сигнални ракети за да ја запалат вегетацијата, изјави Хусеин Факих, шеф на цивилната заштита во регионот Набатије.

Пред една недела израелските сили предизвикале големи пожари во две густо пошумени области: во Кфарчуба, близу границата, и меѓу Џезин и западната долина Бека. Шефот на локалната станица за цивилна заштита, Самир Хардан, изјави дека беспилотно летало во петокот исфрлило запалива муниција. Пожарникарите цела ноќ се бореле со пожарот и во саботата успеале да го изгаснат, но веќе во неделата друго беспилотно летало предизвикало нов пожар.

Дејството на противпожарните екипи е ограничено. Мораат да ги координираат сите акции со либанската армија, која потоа го пренесува барањето за интервенција до комисија за смирување на конфликтот, во која се вклучени и израелски офицери.

Хишам Јунес, основач на либанската организација за заштита на природата Green Southerners, укажува дека цел на израелската тактика се долгогодишни шуми во кои доминираат плодни стебла на пинија (вид бор) и даб. Пошироката област е важен коридор и место за одмор на преселни птици.

Не станува збор за поединечен пожар или напад, туку за шема на уништување што постепено ја поткопува способноста на екосистемите да функционираат, да се обновуваат и да го одржуваат животот. Ефектите истовремено ги загрозуваат изворите на егзистенција и можноста на луѓето да се вратат и да останат на својата земја, вели Јунис.

На 1 август, кога раселените жители се вратиле во пограничното село Јарун открле дека нивните насади со маслинки и овошје, како и нивните домови, биле пеплосани. Од 900 куќи, останале само 20. 

Веќе го имаа срамнето целото село со булдожери. Потоа ги запалија маслинките – големи насади со многу стари стебла. Дрвјата беа и важен извор на приход за жителите. Се обидуваат да ја направат земјата невозможна за живот. Ја бришат целата наша историја, целата наша култура, сите наши спомени. Можеби идејата е по некое време да изгледа како никогаш никој да не живеел овде, изјави Хафез Гашам, градоначалникот на Јарун.

12 август 2026 - 14:39