Украина по барање од американскиот потпретседател Џ.Д. Венс ги запрела нападите со дронови врз танкери и врз критичниот терминал во руското пристаниште Новоросијск во Црно Море.
Венс на 31 јули во телефонски разговор го известил Зеленски дека украинските напади го дестабилизираат пазарот на нафта и им прават штета на американските нафтени компании. По разговорот не е регистриран ниту еден украински напад врз танкери близу терминалот.
Гигантите „Шеврон“ и „ЕксонМобил“ поседуваат удели во терминалот CPC, главниот јазол за извоз на нафта од Казахстан. „Шеврон“ поседува 50% од Тенгиз - најголемото нафтено поле во Казахстан, а „Ексон“ поседува 25%.
Казахстанската сурова нафта стана важна за глобалните пазари бидејќи испораките од Блискиот Исток остануваат ограничени поради војната со Иран.
Како последица на украинските напади, терминалот CPC во јули товарел само 1,3 милиони барели дневно, што е намалување за повеќе од 300.000 барели во однос на јуни и за 600.000 барели помалку отколку во мај.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.