Елмас на крајот ќе игра за трет клуб во Италија
11 август 2026
- Откако му заврши позајмицата во Наполи по крајот на сезоната, Елиф Елмас се врати во РБ Лајпциг, бундеслигашот со кој е под договор. За 26-годишниот македонски репрезентативец сега интерес покажала Фиорентина но Елмас побарал малку време да одлучи каде да ја продолжи кариерата.
- Според актуелните проценки, пазарната вредност на Елмас изнесува околу 13 милиони евра, додека РБ Лајпциг наводно бара најмалку 15 милиони евра за неговите услуги. Претходно, германскиот клуб одбил понуда од 10 до 11 милиони евра за негов трансфер.
- Елмас досега играше за два клуба во калчото, тоа се Наполи и Торино