- Откако над 70.000 мигранти пред една недела масовно упаднаа од Мароко во шпанската енклава Сеута, локалната болница згрижила пет силувани девојчиња помлади од 14 години и едно силувано момче.
- Сусана Аскасо, лекар во службата за итна помош, ги потврдила случаите и укажала дека девојчињата и момчето се од Мароко.
- Иако мнозинството мигранти беа вратени во Мароко, илјадници останаа во Сеута. Прифатилиштата се преполни, па многу малолетници спијат на улица.
- Веројатно има многу непријавени случаи на силувања, бидејќи болницата веќе им укажала помош на повеќе од десет жртви на сексуални напади. Судски извори додадоа дека неколку обиди за сексуален напад биле спречени со интервенција на локалните жители.
- Аскасо ја опиша ситуацијата во Сеута како „здравствена катастрофа“. Службата за итна помош прима просечно од 300 до 400 мигранти дневно. По отпуштањето од болница, повеќето пациенти немаат каде да одат.
- Таа исто така предупреди на ризикот од ширење заразни болести: „Не знаеме дали луѓето пристигнуваат со туберкулоза, хепатитис или други болести кои нема да можеме ниту да ги откриеме“.
- „Војаџер 1“ на НАСА денеска стана првото вселенско летало од Земјата што се оддалечило 1 светлосен ден од планетата.
- Сондата лансирана во 1977 година сега е во меѓуѕвездениот простор, на далечина од околу 26 милијарди километри – растојанието што светлината го поминува за точно еден ден.
- Сега се оддалечува со брзина од 61.000 километри на час. Постојано испраќа информации за космички зрачења, бранови на плазма и јачина на магнетното поле.
- За да стигне до таа далечина, човек треба да пешачи 612.000 години. На патнички авион му требаат 3.340 години, а на куршум истрелан од снајперска пушка 821 година.
- Војаџер патува кон ѕвездата Gliese 445, во соѕвездието Мала Мечка, која е оддалечена 17 светлосни години. Со оваа брзина, би требало да стаса за 40.000 години.
- Ѕвездата Проксима Кентаури, која е најблизу до Сонцето, е оддалечена 4,24 светлосни години, односно 1.550 светлосни денови. Андромеда – галаксијата која е најблизу до Млечниот Пат, е далеку 2,5 милиони светлосни години.
- Компанијата за такси превоз со возила без шофер Waymo ги повлече сите роботаксија од автопатите низ САД, откако Калифорнија ги забрани на својата територија како „непосредна опасност за јавната безбедност“.
- Причината се неколку сообраќајни несреќи предизвикани од роботаксијата. На делница од автопатот „101“ навлегле во активна градежна зона, каде што биле имало работници и механизација.
- Пред една недела роботакси на Waymo се обидувало да ги престигне патролните возила што намерно го забавувале сообраќајот на автопатот кај Сан Франциско.
- Waymo управува со такси-возила без возач во 15 градови во САД, но услуги по автопат нудеше само во Сан Франциско, Лос Анџелес, Мајами, Феникс и Остин.
- Компанијата тврди дека нејзините автономни автомобили учествуваат во 95% помалку сообраќајни несреќи со сериозни повреди, во споредба со таксите управувани од луѓе.