Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

40.000 долари за верност на фирма

Ако некогаш сте на мисла дека сте ја згрешиле професијата што сте ја избрале, дозволете да го ескалираме јадежот - тазе банкари добиваат по 40.000 долари бонус за да не си одат од банката што има пари да им даде 40.000 долари бонус.

Масакрот во гимназијата 175 во Казањ

Најмалку 11 луѓе, речиси сите деца, се убиени, а 16 се ранети во масакрот во гимназијата во главниот град на руската република Татарстан, извршен од 19-годишен напаѓач кој е поранешен ученик на гимназијата. Убиецот е уапсен од руските безбедносни сили.

Што се знае за индискиот сој на ковид?

Варијантата која прв пат беше идентификувана во Индија минатата година, според СЗО се шири побрзо од другите варијанти на ковид-19. Ова се покажа точно и на терен каде Индија не може да постигне ни да ги згрижи заболените, ни да ги закопа починатите.

Короната може да стане дел од нас?

Eжење е една контроверзна вест која се појави на неколку инстанци а сега конечно е објавена и во Сајенс: коронавирусот има способност да стане дел од човековата ДНК.  

Лоботомија за здрав живот

Оштетувањето на една сива точка во мозокот може засекогаш да ја избрише потребата за пушење цигари. До ова откритие дошле група американски доктори, откако еден пациент кој преживеал мозочен удар, тврдел дека после ударот, едноставно, заборавил на цигарите.

Со помин да е

Девојката на сликата се вика Тес Холидеј, модел со „плус големина“ која се занимава и со „боди позитивити“, и пред некое време објави дека всушност страда од анорексија, но за среќа последниов период почнала да закрепнува.

Како светот пропушти половина од смртните случаи на ковид-19

Вистинската бројка на починати од ковид-19 е околу 6,9 милиони луѓе, што е повеќе од два пати од сегашните бројки за смртноста на вирусот.

Здравствени кризи знаат да бидат и произведени

„Криминал не векот“ е насловот на еден нов документарец во два дела кој расплеткува како лажливиот маркетиннг и корпоративната алчност произведуваат една масовна медицинска напаст од која гинат половина милион Американци.

Мелинда Гејтс од 2019 се гледала со адвокати за развод

Откако во јавноста се појавуваат информациите за контактите меѓу Бил Гејтс и Џефри Епстин, Мелинда од гнев кон сопругот почнува да се консултира околу потенцијален развод.

Принц има 8.000 необјавени песни

Ги ставал во сеф ама го заборавил пасвордот. Неговите наследници го имаат кракнато и сега може да издаваат по еден албум годишно цел милениум. До 3.000 годдина.

Живот во плакар

Жените ќе добијат речиси една година живот повеќе ако престанат да губат толку време на бирање алишта. Доколку некако успеат да ја изведат оваа невозможна мисија, ќе им го продолжат животниот век и на мажите, кои отприлика толку време минуваат чекајќи во кола.

Повторувањето е мајка на грешката

Луѓето учат од своите грешки, меѓутоа тоа што го учат е како да направат уште повеќе грешки, покажува едно ново канадско истражување, според кое најважно е да се запамети зошто сме ја направиле грешка.

Формула за дебела љубов

Не дека ни требаше истражување да ни докаже дека на некои жени не им пречи дебелината на мажите, сè додека им се дебели и паричниците, ама сега нашле и формула за тоа.

Трката за вакцинирање е за да се спречи појавата на „монструозните“ ковид варијанти

Иако има светли примери, глобално вакцинацијата не оди со темпото што се замислуваше, па сега опасноста е дека заради тоа никогаш нема да се постигне групен имунитет, ем во меѓувреме ковид може да излезе со некоја монструозна варијанта.

Во Рим поставија автомат за инстант пица, и сега се случува драма

За тој што решил дека ќе јаде пица од автомат секако нема спас, меѓутоа болката е што автоматот го монтираат во главниот град на светската престолнина на пицата.

Бил и Мелинда почнаа со цепкање на милијардите

Во некои поранешни години Бил Гејтс со неизмерна тага објаснуваше како има толку многу пари што не може да ги потроши ни со упорно донирање на милиони долари. Оваа мака на Бил во претстојниот период колку толку ќе биде олеснета благодарејќи на разводот од сопругата Мелинда.

Амстердам ќе прави трговски центар за проститутки

Планот е сите проститутки од градот да се преселат на една локација вон градот, во објект од 5.000 метри квадратни, кој би работел по едношалтерски систем.

Каква Линдзи, таков Лохан

Таткото на Линдзи Лохан е уапсен поради обвинение дека на рехабилитациони центри во Флорида им носел имотни пациенти. Зависно од тежината на уловот, понекогаш добивал и по 25.000 долари за донесен зависник.   

Дали Британија и Франција ќе ја спукаат заради риба?

Два британски воени бродови се испратени во близина на островот Џерси како предупредување за француските рибари кои сакаат да го блокираат британскиот остров.

И САД се за паузирање на патентите за вакцини за ковид-19

Соединетите држави во Светската трговска организација ја дадоа својата поддршка на Индија и Јужна Африка во барањето за привремено укинување на интелектуалната сопственост кај вакцините како истите би можеле да почнат масовно да се произведуваат низ светот.

Западните компании во Кина подлегнаа на Стокхолмскиот синдром

Истите овие компании што на Западот се во постојана трка по „освестеност“ и политичка коректност, во Кина од страв да не ги антагонизираат тамошните власти и прифатија заложничко размислување.

Нека јадат бубачки

Под етикетата „иновативна храна“ ЕУ дозволи во Унијата бубачките да станат легитимен дел од секојдневната исхрана на луѓето.

Не чекајте имунитет на стадото

Победата над ковидот нема да дојде во форма на некаков проглас дека е постигнат фамозниот имунитет на стадото бидејќи до таков проглас речиси сигурно нема да дојде. Победа ќе биде кога ќе можеме да се гушнеме ко луѓе.  

Гардијан, 5-ти мај 1821

По повод 200-годишнината Гардијан го објави првиот број од весникот кој започнува како неделно издание под името Манчестер Гардијан, со вкупно 4 страници.