Во 1996-та година, фармацевтската компанија Пердју Фарма, поседувана и управувана од браќата Мортимер и Рејмонд Саклер, почнуваат да го продаваат лекот Оксиконтин. Медикаментот кој предизвикува силна зависност бил наменет за луѓе со жестоки болки, како што се пациенти од рак, на пример, но на пазарот настапува како умерен лек за хронична болка, подржан од краток, ефикасен и лажлив благослов од надлежната агенција за храна и лекови: „Одложената апсорпција на оксиконтин таблетите, се верува дека ја редуцира можноста за злоупотреба на лекот.“
Токму таа рецензентска проценка е фразата која ја овозможува опоидната криза од која, во периодот од 2000 до 2019 година умираат преку 500.000 Американци, меѓу кои и Хит Леџер и Крис Корнел, а на на листата на чекање се, или биле, Кортни Лав, Винона Рајдер, Стивен Тајлер и многу други.
Докази од досегашните тужби недвосмислено укажуваат дека Прдју никогаш не спровел клинички тстирања со кои би се докажало дека оксиконтинот е помалку „заразен“.
Предмет од 2006 година, подготвен од обвинители од Вирџинија, успева да остане во тајност сè до 2019 година а во него се вели дека првиот човек на Агенцијата, во времето кога Оксиконтин доби употребна дозвола, имал сомнителни врски со компанијата Пердју. Се работи за доктор Куртис Рајт, кој само една година по издавањето дозвола за Оксиконтин, ја напушта Агенцијата и се вработува во Пердју, за трипати поголема плата (сличен пример на друга тема е поврзан со фирмата која е одбрана да ни гради автопат).
Комплетирањето на смртоносното портфолио на Оксиконтин не било можно без медиумско сојузништво. Во тоа време, лековите за болка почнуваат да се претставуваат како „безбеден и ефикасен лек со малку нуспојави“, од кој шансите за зависност се околу 1%. Њујорк тајмс во една сторија од 2002 ги набедува докторите дека не се волни да препишат опијати, и покрај фактот што во три студии со речиси 25.000 пациенти, само седуммина развиле зависност.
Битна улога во популаризирањето на Оксиконтинот одигурува и агресивниот пристап на Пердју меѓу докторите кои прифаќаат улога на продажни агенти.
„Чудо едно е како мали и банални подароци од продавачите на лекови (пенкалце, ручече) знаат да му распишат рака на доктор да почне да препишува јаки наркoтици за обични болки,“ пишавме во статијата „Како Америка се навлече на оксиконтин“.
Пердју Фарма денес е во банкрот а обвинение не е подигнато против никој од семејството Саклер.