Зборувајќи за својот проблем со анорексијата Холидеј порачува дека кај луѓето треба да се стави крај на размислувањето дека „само многу слаби луѓе можат да имаат анорексија.“
Таа неодамна на Твитер пишува:
„Јас сум анорексична и закрепнувам... Јас сум резултат на култура која слави тенкост и тоа го изедначува со некаква вредност, меѓутоа сега јас сакам да го напишам сопствениот наратив. Конечно можам да се грижам за телото што го казнував цел мој живот и конечно сум слободна.“
Ова што го збоува Холидеј околу анорексијата го потврдува и Челзи Кронеголд од НЕДА (National Eating Disorders Association), според која „голема број луѓе кои страдаат од атипична анорексија не сфаќаат дека имаат сериозно пореметување во исхраната“.
Кроненголд тврди и дека „не може зборуваш за нечие здравје врз основа на неговата тежина, како општество мора да престанеме да ставаме морална вредност на арбитрарни општествени замисли за ’идеална’ тежина и големина на тело.“
Тес Холидеј и понатаму е ангажирана како модел со „плус големина“.
Моментално Холидеј тежи околу 130 килограми, а е висока 165 сантиметри.